ЗОШТО НЕ: “МОРАШ ДА ИЗЕДЕШ СЀ ОД ЧИНИЈАТА!”

Од Marija Magdalena Stojcovska

Постојат повеќе причини зошто родителите ги присилуваат децата да ја изедат целата храна во чинијата.

Но тоа не значи дека е позитивна практика!

Некои од овие причини се:

  • Културни норми и очекувања
  • Лично искуство на растење во семејство каде храната била често во мали количини или пак недостапна
  • “Ние работиме за да имаш ти храна на масата!”
  • Завршувањето на оброкот како покажување на почит кон оној кој го подготвил
  • Потреба од контрола за време на оброците но и врз самото дете

Во последните години, терапевтите ги охрабруваат родителите да се обидат да ја избегнуваат оваа пракса.

Наместо тоа, подолу прочитајте неколку препораки со кои можете да ја замените.

Пример 1.

Не користете: Имаш уште три залчиња, ајде дојади ги!

Наместо тоа кажете: Можам да забележам дека заврши со јадење.

Пример 2.

Не користете: Ајде Дора, уште неколку компирчиња. Баба ги направи само за тебе!

Наместо тоа кажете: Сигурна сум дека Дора ќе каже ако е уште гладна. Нема потреба да ја тераме на сила да јаде.

Пример 3.

Не користете: Теа! Пак ли ќе јадеш? Мислам дека ти беше доволно за денеска!

Наместо тоа кажете: Мислам дека Теа знае колку треба да изеде. Таа најдобро знае што му треба на нејзиното стомаче.

Пример 4.

Не користете: Мораш уште малку да каснеш! Ајдее отварај, авионооот доаѓааа!

Наместо тоа кажете: Гледам дека не јадеш веќе. Готов си со вечерата!

Кој може да биде исходот од присилувањето да се изеде се?

  • Може да развие одбивност кон оброците и кон самата храна
  • Може да предизвика растројства во исхраната (и во текот на возрасниот период)

Кои се придобивките од спротивното?

  • Охрабрува слушање на сопственото тело
  • Развива спосбност да забележат кога се доволно сити
  • Покажува дека им верувате на нивните инстинкти поврзани со храната
  • Го намалува противењето да се јаде одредена и/или нова храна
  • Ја намалува веројатноста да го гледаат десертот/слатките како нешто кое е награда

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира