Прашај психолог

Марија Магдалена Стојчовска

Прашај психолог е услуга што овозможува родителите да закажат индивидуална сесија со дипломиран психолог, сертифициран за детска психологија и родителство. Во текот на сесијата, ќе имате можност да разговарате за конкретни предизвици во воспитувањето и развојот на вашето дете и да добиете насоки за градење стабилна и здрава семејна средина.


Секој родител се соочува со прашања, дилеми и моменти на несигурност во процесот на воспитување. Нашата цел е да понудиме сигурен простор во кој ќе се чувствувате прифатено и разбрано, без страв од осуда или критика. Родителството е комплексен и динамичен процес, а ние сме тука за да ви помогнеме полесно да го разберете и надминете секој предизвик.


Наша мисија е да ги поддржимеродителите во нивната свесност и посветеност кон потребите на детето. Визијата што ја негуваме е создавање генерации на емпатични и ангажирани родители, кои преку својата љубов и поддршка ќе овозможат здрав емоционален и психолошки развој на своите деца.

Дипломиран психолог

Дипломиран психолог

„Нашиот сервис е првенствено наменет за родителите на деца на возраст од 1-6 години.“
 
 

Закажи термин за консултација

Доколку сакате да закажете термин за консултација со психологот притиснете на копчето долу и внесете ги потребните информации.

Често Поставувани Прашања

Нашите совети се базирани на повеќегодишно применување при реални проблеми кои родителите ги имаат во секојдневно воспитување на своите деца. Целта е родителите да практивкуваат нежно и поизитвно родителство, односно да развијат врска со своите деца која се заснова на емпатија, почит, разбирање, поставување на јасни граници, а не на страв и казна. Советите се дизајнирани на основа на пристап за нежно и позитивно родителство, користејќи материјали и теории од експерти во областа на родителството. Потребно е да имате на ум дека секое дете е своја мала личност во развој и е особено важно да имате огромно трпени при применување на истите за позитивен исход.

Нашиот сервис вклучува советување од сертифициран психолог во областа на родителството, додека пак психотерапевтски сервис би нудел психотерапија за подлабоки проблеми поврзани со менталното здравје, нивно дијагностицирање и третман. Целта на овој сервис е да им овозможи на родителите да усвојат вештини за справување со предизвиците кои ги носат сите развојни фази на децата. Притоа, нудејќи алатки, идеи и поддршка кои водат до позитивни промени.

Нашиот психолог може да ви понуди помош и советување на повеќе теми:

  • Бихевиорални проблеми (агресивност, ривалство меѓу браќа и сестри, тантруми)
  • Справување со стресот и вината кои ги носи родителството
  • Развјони проблеми (стратегии за решавање на емоционални и социјални развојни предизвици)
  • Стратегии за справување со кризни ситуации (развод или загуба на блиска личност)
  • Практични проблеми поврзани со секојдневието на вашето дете.

Заедничко креирање на план кој е прилагоден на вашите потреби и цели како родител според уникатните потреби на вашето дете.
Важно е секогаш да имате на ум дека овој процес е најчесто долготраен и потребно е да вложите енергија и трпение за да вроди со успех.

Нашиот психолог има повеќегодишно искуство со работа со родители и деца и вистински, секојдневни предизвици со кои тие се соочуваат. Идејата за овој сервис се раѓа на основа на нивните споделувања и реалната потреба на родителите да побараат помош и совет од некој на кого можат да му ја дадат својата доверба, во средина која им нуди сигурност дека ќе бидат чуени и поддржани, без да бидат осудени за сите недоумици и стравови со кои може да се соочат во процесот на воспитување и растење на своите деца. Тргнувајќи од сопственото искуство како дел од процесот на воспитување од страна на нашите родители, свесни сме за одредени недостатоци кои ги има застарениот, авторитативен начин на родителство (базиран на казнување и дисциплинирање) и би сакале да помогнеме во создавањето на нова генерација родители кои ќе бидат посвесни и поемпатични со своите деца.
Сметаме дека секој родител е добар родител се додека секојдневно учи заедно со своето дете, бара и споделува совет и цели да биде своја подобра верзија.

Нашите сесии се замислени да бидат одржувани онлајн во атмосфера која на вас ќе ви биде најпријатна и во термин кој вие ќе го одберете. Сметаме дека со денешното темпо на живот на еден родител, е попрактично истите да бидат виртуелни. Доколку вашата преференца е со физичко присуство, можно е да се организира во консултација со психологот.

Сервисот Разговарај со психолог не нуди можност за индивидуални сесии со психологот и детето. Туку, наменет е да понуди совети за родители на деца од 1- 6 години, давајќи им соодветни алатки за справување со сите предизвици со кои би се соочиле и поддршка за да истите ги применат во секојдневието