ЗОШТО МИЛЕНИЦИТЕ СЕ ДОБРИ ЗА ДЕЦАТА?

Од Marija Magdalena Stojcovska

Вашето дете сака да има миленик? Ве моли да имате маче или пак зајче кое ќе можат да го хранат, но вие не сте баш сигурни колку добра идеја е тоа. Пред да донесете конечна одлука, откријте зишто милениците се добри за вашето дете и неговиот развој и здравје.

Ја намалуваат веројатноста од појава на алергии

Истражувањата покажуваат дека децата кои растат во домови каде што има миленици имаат посилен имунитет и помала веројатност да развијат алергии и астма. Исто така, повеќе истражувања покажале дека децата кои имаат миленици полесно се справуваат со инфекции, вируси и настинки во однос на оние кои не чувале миленик.

Развиваат чувство за одговорност

Задачи како шетање на миленикот или чистење на неговата куќичка ги учи децата како да бидат одговорни, правејќи да се чувствуваат горди на својот успех. Чувањето миленик е од особена важност и при развивањето емпатија за другиот.

Помагаат при учењето

Милениците може да им помогнат на децата при учењето. Поспецифично, може да им помогнат при учењето да читаат. Истражувањата покажуваат дека децата на кои им е тешко да читаат на глас во училиште, се чувствуваат посамоуверено кога им читаат на своите миленици.

Милениците се пријатно друштво

Милениците им даваат поддршка и се пријатно друштво за децата. Без оглед на тоа во какво расположение се, децата наоѓаат добар пријател во своите миленици, што често им помага да бидат помалку анксиозни и повлечени.

Помагаат да имате здрав начин на живот

Од шетање на миленикот до играње со зајакот во дворот, имањето миленик помага во одржување здрав начин на живот. Особено за децата, ова значи поминување повеќе време надвор, трчајќи на свеж воздух.

Им помагаат на децата да го научат кругот на животот

Повеќето родители сакаат да ги заштитат децата од суровоста на светот. Но, имањето миленик им помага на децата да го видат циклусот на животот. Справувањето со смртта на својот сакан миленик, може да ги подготви и за други предизвикувачки настани.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира