Наједноставно, советување за родители, или пак терапија за родители, е само “помош со вашето дете”. За време на советувањето, ќе стекнете вештини кои се потребни за вашето семејство да функционира оптимално.
Уште поспецифично, советникот ќе ви ги даде насоките и поддршката кои ви се потребни за да му овозможите стабилно и здраво детство на своето дете. Многу често, луѓето претпоставуваат дека способноста да се биде родител е нешто што доаѓа природно и лесно. Но, најчесто не е така.
Во реалноста, добивањето деца и учењето како да се биде родител се две сосема различни нешта. Дури и да сте искусен родител и веќе да имате поминато низ целиот процес, тоа не значи дека секогаш ќе знаете како да се справите со сите предизвици со кои ќе се соочите. “Совршен родител” не постои, може да се рече дека тоа е мит, како еднорог или змеј!
Сите правиме грешки и постојано учиме, па затоа, родителското советување е најдобрата одлука која можете да ја направите.
Советувањето вклучува справување со мноштво предизвици:
- бихевиорални проблеми (агресивност, ривалство меѓу браќа и сестри, тантруми)
- справување со стресот и вината кои ги носи родителството
- развојни проблеми (стратегии за решавање на емоционални и социјални развојни предизвици)
- стратегии за справување со кризни ситуации (развод или загуба на блиска личност)
- практични проблеми поврзани со секојдневието на вашето дете.
Започнувањето со родителско советување може да биде од особена важност – не само за вас, туку и за вашето дете и партнер.
Што е “добар родител”?
Вистината е дека нема срам во тоа да имате потреба од советување. И тоа не ве прави “лош родител”. Одлуката да побарате родителско советување, значи дека сте доволни храбри да побарате помош. И е првиот чекор во создавањето стабилна средина за вашите деца. Добивајќи поддршка која ви е потребна да бидете најдобар родител што можете. А еден од најдобрите начини да бидете “добар родител” е да ги сакате своите деца безусловно, и тоа да им го кажувате и покажувате секој ден!
“Разговарај со психолог” е сервис кој нуди можност да закажете термин за сесија со дипломиран психолог со сертификат за детска психологија и родителство. Прочитајте повеќе за нашиот сервис тука.
За да бидете во тек со нашите новости и вебинари поврзани со теми на родителство пријавете се нашиот newsletter!