Летото е скоро тука и вие сигурно почнувате да размислувате за каде да го поминете вашиот летен одмор!
Звучи сосема нормално нели? Но, оваа година со вас ќе биде и вашето мало бебе. Планирањето на патувањето до избраната дестинација и почнува да ви звучи малку страшно и невозможно. Затоа ви подготвивме неколку совети кои ќе помогнат целиот процес да биде што е можно побезболен.
Прилагодете ги вашите очекувања
Обидувајќи се да вметнете што е можно повеќе активности во денот, само ќе ве измори и ќе ве направи нервозни. Ова е време да забавите и да прифатите дека не можете да видите и да го направите се што сте можеле кога патувавте сами. Поминете го целиот денот на плажа или пак испланирајте максимум два излети во текот на денот. Најважно е да запомните дека ова е време кога сите треба да уживате а не да се натпреварувате со времето и да посетите што е можно повеќе локации.
Имајте соодветна заштита од УВ зраците
Нанесувајте крем за сончање на секои два часа! Користете минерални креми за сончање кога можете и избегнувајте креми со аеросолни спрејови, кои може да предизвикаат кашлање и отежнато дишење кај децата. Додека пак, на бебињата под 6 месеци воопшто не треба да им нанесувате крема за сончање. Наместо тоа, заштитете ги на други начини: најдете длабока сенка и облечете ги во широка облека што ги покрива рацете и нозете.
Заштитете ги вашите малечки од комарци и други инсекти
Ако поминувате време на отворено на место каде што има комарци и други инсекти, ќе сакате да бидете сигурни дека вашите малечки ќе бидат заштитени. Заштитете ги со облека низ која не можат да бидат каснати (долги ракави и панталони) и избегнувајте да бидете надвор навечер кога инсектите се најприсутни. За малите бебиња, користете мрежа против комарци која може да ја ставите врз количката или креветчето каде вашето дете ќе спие. Обидете се да избегнете употреба на хемиски средства против инсекти…но ако морате, нанесете го на облека наместо на кожата.
Направете го просторот безбеден за деца
Викендичките и хотелските соби не се секогаш најбезбедни места за бебиња или мали деца. Затоа, додека се пакувате, запомнете да земете неколку алатки за заштита на децата, вклучувајќи заштитници за приклучоци за струја или лента завој и памучни топчиња кои ќе ги користите за покривање на острите агли. Кога првпат ќе пристигнете на вашата дестинација, спуштете се на раце и на колена за да погледнете со очите вашето бебе/дете. Ова ќе ви помогне да забележите – и да спречите непријатни ситуации.
Направете летен сет за прва помош
Летото носи безброј авантури…но со себе носи и непријатности и незгоди. Подгответе се за сите гребнатинки, крвави колена, изгореници од сонце и други помали повреди со тоа што ќе го наполните вашиот сет за прва помош со лекови, завои, масти, крема за сончање, лекови против болка, алое и слично. И имајте го секогаш на дофат!
Останете хидрирани!
Важно да останете хидрирани кога надвор е топло! На децата под 8 години им требаат околу 4 до 6 чаши вода дневно (повеќе ако се активни!). Понудете вода со оброците и закуските, и задолжително имајте шише со вода ако не сте дома. Бебињата кои сè уште не можат да пијатвода, погрижете се дека добиваат многу мајчино млеко или формула.