ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО – ВОДИЧ

Од Marija Magdalena Stojcovska

Позитивното родителство и позитивната дисциплина се фокусираат на интернализација на добро однесување, применувајќи взаемно почитување, емпатија и поставување јасни и цврсти граници.

Што е позитивно родителство?

Позитивното родителство се базира на претпоставката дека сите деца се добри. Ја нагласува важноста на взаемното почитување и позитивните начини на дисциплинирање. Односно, дава фокус на учење како треба да се постапи во иднина а не да се казнува погрешното однесување кое веќе се случило.

Во 20тите години на минатиот век, виенските психијатри Алфред Адлер и Рудолф Драјкурс ги даваат темелите на стратегијата за позитивно родителство. Оттогаш па наваму, експертите развиваат бројни програми базирани на позитивно родителство.

Многу млади родители применуваат нежно родителство со цел да не ги растат своите деца на начинот на кој нивните родители го правеле тоа.

Родителите кои практикуваат позитивно или нежно родителство, ги земаат предвид потребите на своето дете, конкретната развојна фаза, како и темпераментот. Според класификацијата на родителски стилови на Дајана Баумринд позитивното родителство се смета за авторитативен вид.

Придобивки од позитивно родителство

ПОМАЛКУ ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО

Бројните истражувања на оваа тема покажуваат дека позитивната дисциплина дава одлични резултати во однос на емоционалниот развој и однесувањето на детето.

Спротивно на тоа, авторитарното и сурово однесување во раното детство најчесто резултира со повеќе проблеми во однесувањето. Родителите кои се студени и најчесто неинволвирани имаат деца кои не развиваат способност за саморегулација.

ДОБРА ПОВРЗАНОСТ РОДИТЕЛ – ДЕТЕ

Родител кој практикува позитивно родителство не го казнува детето за да корегира проблематично однесување. Не применува викање и закани, и борбата за моќ станува соработка. Како резултат на ова динамиката родител – дете се менува и истото ја зајакнува нивната поврзаност.

САМОДОВЕРБА И ДОБРО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Децата на родители кои практикуваат позитивно родителство имаат повисока самодоверба. Веруваат дека можат да постигнат нешто исто како и сите други деца.

Овие деца се и повеќе психолошки отпорни (резилиентни) и полесно се справуваат со своите неуспеси. Истото води кон помалку семејни конфликти, подобра врска со нивните родители, како и подобро ментално здравје.

ПОДОБАР АКАДЕМСКИ УСПЕХ

Позитивното родителство води кон повисок академски успех. Односно, добрата поврзаност родител-дете силно е поврзана со постигнувањето во училиште.

ПОДОБРИ СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ

Овие деца имаат развиено вештини за решавање на социјални проблеми и самоефикасност. Полесно се прилагодуваат во нивната социјална средина и имаат позитивна слика за себе.

Прочитајте повеќе:

3 НАЧИНИ ДА ПРАКТИКУВАТЕ ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО

Би можело да ве интересира