НЕКОЛКУ НАЧИНИ КАКО ДА ГО ПОТТИКНЕТЕ КОГНИТИВНИОТ РАЗВОЈ НА ВАШЕТО ДЕТЕ (1/2)

Од Marija Magdalena Stojcovska

Вештини за решавање на проблеми

Детето го започнува својот живот учејќи базично расудување за причина и последица како и флексибилност. Во периодот од 1-4тата година нивните вештини за решавање проблеми започнуваат да созреваат. Тие развиваат љубопитност, трпеливост, истрајност и стекнуваат самодоверба во својата способност да дојдат до решение.
Неколку активности кои се препорачуваат за развивање на вештините за решавање проблеми се градење форми од коцки или блокови, сместување различни форми на соодветно место, игри на сличност или игри со поврзување.

Вештини за размислување

Секогаш кога детето ќе се стимулира да размислува, или се формираат нови нервни патишта или се зајакнуваат постојните. Предизвикувачките активности во сигурна и пријатна средина создаваат оптимална можност за учење.
Склопувајте сложувалки со вашето дете, сложувалките вклучуваат расудување, дискриминација и контрола на мускулите. Сите тие го предизвикуваат мозокот кој се уште се развива и имаат огромно влијание во целиот процес.

Вештини за концентрација

Развојот на фокус и насочувањето на внимание на одредена задача е вештина што е неопходна за сите форми на учење. За да може да се развива вештината за решавање проблеми, клучно е да се вежба и развива концентрацијата на детето.
Активност која може да помогне во развивање на концентрацијата е редењето на предмети во низа во должина или во висина, со цел да биде што подолга или повисока.

Јазични и комуникациски вештини

За оптимален развој на мозокот, на малите деца на оваа возраст им треба богато јазично опкружување. Флексибилноста на мозокот, способноста брзо да се менува, е она што на децата им овозможува многу лесно да научат нов јазик. Колку повеќе зборови слушаат, толку повеќе нови врски се создаваат во нивниот мозок. Децата учат јазик со слушање зборови, затоа, колку повеќе разговарате со вашето дете, толку подобро. Разговорот со мало дете го зголемува бројот на зборови што тоа ќе ги препознае и потоа и ќе ги разбере.

Интересна активност која можете да ја користите во цел на развивање на јазичните и комуникациски способности е играта со огледало. Стоејќи пред огледало, играјте си правејќи смешни гримаси. Покажувајте различни делови од телото и именувајте ги (На пример: “Види, ова е устата на мама. Ајде сега ти, покажи ми каде е твојата уста…”).

Неколку начини како да го поттикнете когнитивниот развој на вашето дете (2/2)

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира