КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ПРАЗНИЧНИОТ СТРЕС

Од Marija Magdalena Stojcovska

За многу од вас, празничната сезона може да донесе зголемено чувство на стрес. Рекламите кои ви се прикажуваат секојдневно, каде се изгледа совршено и под контрола, се далеку од реалноста на еден родител.

Тоа може да направи да се чувствувате изгубено, додека лутате наоколу обидувајќи се да завршите повеќе обврски од вообичаено. Во овој процес, многу е лесно да се истрошите себе, а празничната магија да не е ни на повидок.

Еве неколку совети како да се справите со стресот оваа празнична сезона:

Зајакнете ги врските со вашите блиски

Гледајте на празниците како период кога ќе ги обновите врските со пријатели кои одамна не сте ги виделе. Прифаќајќи и барајќи помош и поддршка од вашите блиски ќе ви помогне да се справите со стресот.

Зборувајте за различностите со вашите децa

Како родители може да ја искористите празничната сезона и да објасните како и зошто не сите семејства учествуваат во истите празнични традиции. Учете ги вашите деца да имаат отворен ум кон другите кои се различни од нив.

Поставете јасни очекувања

Во зависност од возраста на детето, можете да го искористите овој период и да ја објасните вредноста на парите и одговорното трошење. Не заборавајте да поставите и реални очекувања за самите вас.

Имајте реална перспектива

Запрашајте се: Што е најстрашното што може да се случи доколку не успеам да ги завршам сите обврски? Вашите најголеми стравови може никогаш нема да се остварат, но верувајте во себе и имајте на ум дека што и да се случи, вие ќе умеете да се справите со тоа.

Не заборавајте да се грижите за себе

Обрнете внимание на вашите потреби и чувства оваа празнична сезона. Што е всушност целта на празниците? Да поминете квалитетно време со вашите најмили!

Избегнувајте да поминувате време пред екраните, и вие и вашите деца. Наместо тоа, одете на прошетка во природа или поминете ден во парк. Имајќи физичка активност, ќе имате и поголема ментална способност да се справите со стресните ситуации на кои може да наидете.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира