НАЈВАЖНИОТ ПЕРИОД ОД РАЗВОЈОТ НА ДЕТЕТО И КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ (2/2)

Од Marija Magdalena Stojcovska

Дајте пофалба за дадениот напор наместо за вродената интелигенција или одредена способност на вашето дете. Децата кои добиваат пофалби за своите напори на почетокот на животот имаат тенденција да се трудат повеќе и не се откажуваат лесно.

Разговарајте со вашето дете, често и многу. Младиот мозок е многу лесно менлив, затоа и за нив е многу лесно да учат нови нешта, на пример нов јазик. Децата учат јазик со слушање нови зборови одново и одново. Колку повеќе зборови слуша, толку повеќе нервни врски создава неговиот мозок. Затоа, колку повеќе разговарате со вашето дете, толку подобро. Користете што поразновиден вокабулар и секојдневно воведувајте нови зборови. Истото дава одлична основа за развивање вештини за читање, пишување и правопис.

Читајте му на детето. Многу студии покажуваат дека учениците кои сакаат да учат и имаат добар училишен успех биле изложени на читање пред предучилишна возраст.

Бирајте играчки кои им дозволуваат на децата да ја користат имагинацијата. Играчките кои ја вклучуваат фантазијата на вашето дете се подобри од оние што работат на батерии. Исто така, за да ја поттикнете природната креативност на вашето дете, создадете средина која ќе поттикнува развивање на истото.

Една од најважните лекции за едно дете е учење на независност и истрајност. Кога вашето дете ќе падне, оставете го да само да стане. Што е можно порано, учете го само да јаде или пак само да заспива навечер.

Учењето на втор јазик или билингвалноста, се смета дека ја зголемува функцијата на мозокот на едно мало дете. Размислете да го вклучите детето во установа која нуди учење странски јазик за соодветната возраст или пак учете заедно гледајќи програми или пак читајќи книги на друг јазик.

Не дозволувајте му вашето дете да гледа премногу телевизија. Студиите покажуваат дека малите деца кои гледаат многу телевизија имаат поголема веројатност да имаат низа проблеми во периодот до четврто одделение, вклучувајќи ги и пониските одделенија, полошо здравје и повеќе проблеми со училишните насилници.

Иако таблетите можат да бидат забавни, а малите деца можат да научат многу од уредот додека се забавуваат, не се препорачува да поминуваат премногу време на нив. Според експертите, премногу време пред екранот може да им наштети на нивните тела кои се уште се во развој. Малите деца треба да ги развиваат мускулите користејќи ги за трчање, скокање, градење, цртање, стискање и фаќање. Физикалните терапевти велат дека родителите можат да користат квалитетни едукативни апликации, но препорачуваат ограничување на не повеќе од 15 минути одеднаш, со цел да избегнат развојни проблеми кај своите деца.

Би можело да ве интересира