КАКО ДА ГО ОБЈАСНИТЕ “ДЕНОТ НА ЖЕНАТА”? 

Од Marija Magdalena Stojcovska

Осми март е прогласен и препознаен како Интернационален ден на жената. Ова е денот кога ги славиме сите достигнувања, мали и големи, на сите жени во целиот свет. Па, ова е совршена можност да му објасните на вашето дете зошто! 

Без оглед на тоа како ќе одберете да го одбележите овој ден, важно е да го едуцирате вашето дете за важната улога која ја имаат жените во историјата на светот. Не само што е важно да ја разбере улогата и придонесот на жените во светот, туку и да ја разбере својата улога и како може да направи промена. Сепак, децата се оние кои ќе растат и ќе ги прават важните промени во светот. Така што, на нас останува да ги едуцираме, секој ден, но искористете го овој ден како посебен.  

Подолу неколку начини како можете најлесно да го направите истото! 

Заедно гледајте филм со главен женски лик

Има многу филмови или цртани филмови кои прикажуваат силни женски ликови. Доколку не сте сигурни кои би биле соодветни за деца, обидете се со овие: Mulan, Alice in Wonderland, Brave. Не само што се соодветни за деца, туку и ќе ви овозможат да зборивате со важето дете за важноста на женскиот лик во филмот и да го запознаете со овој интернационално славен ден. 

Прочитајте книга заедно

Еден од наједноставните начини да го едуцирате вашето дете на одредена тема и да поттикнете разговор е да читате книги заедно. За среќа, има огромен избор на книги кои се напишани од жени авторки или пак обработуваат силни женски ликови. 

Учете и изработете заедно

Одберете силна жена која инспирира и раскажете му на вашето дете за неа. Доколку сака да црта, одберете уметница и заедно обидете се да го ресоздадете нејзиниот сликарски стил. Доколку пак сака да спортува, зборувајте за позната спортистка и дознајте какви постигнувања има, гледајте видеа од неа и поминете ден посветен на спорт заедно. Што и да одберете, искористете го овој ден и славете ги жените со исклучителни таленти и едуцирајте го вашето дете. 

Заблагодарете се

Одберете жена која е важна за вас или за вашето дете. Разговарајте со детето и објаснете зошто таа ви е важна вам, или пак побарајте да ви каже за што би сакале да и се заблагодарите денес. Секоја жена заслужува да биде славена, а денеска е посебен ден! Па затоа, заедно напишете и честитка, купете и цвеќе или пак одете сите заедно на ручек. Но најважно, кажете и заедно зошто ја сакате и ви е важна! 

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира