ЧЕПКАЊЕ НА НОСОТ И КАКО ДА ГО ЗАПРЕТЕ

Од Marija Magdalena Stojcovska
chepkanje na nosot

Чепкањето на носот е вообичаена навика кај децата, која често произлегува од досада или потреба од занимација. Сепак, тоа може да доведе до несакани последици. Но, зошто децата го прават тоа, и која е вистинската причина?

Зошто децата го чепкаат носот?

  • Здодевност или стимулација: Децата може да го чепкаат носот кога им е досадно или имаат потреба од стимулација
  • Анксиозност: Чепкањето на носот не во сите случаи е знак за вознемиреност кај децата
  • Улогата на алергиите: Алергиите можат да бидат причина за чепкање на носот поради чешањето и вишокот на слуз

Дали чепкањето на носот е лошо за децата?

Чепкањето на носот може да изгледа безопасно, но носи ризици по здравјето:

  • Бактерии: Чепкањето на носот ги шири бактериите, што може да доведе до чести воспаленија на горниот респираторен систем
  • Повреди на носот: Нежната слузокожа може лесно да се изгребе, што доведува до гребнатини и ранички кои можат да се инфицираат
  • Крварење од носот: Чепкањето на носот е главна причина за крварење од носот, особено кај помалите деца

Како да им помогнете да престанат со чепкање?

Од особена важност е да му помогнете на вашето дете да се откаже од оваа навика:

  • Минимизирајте ги предизвикувачите на алергии: Идентификувајте и решавајте ги предизвикувачите на алергија, како што се прашина, животински влакна, полен или мувла
  • Имајте марамчиња при рака: Охрабрете го вашето дете да го дува носот
    и користете марамчиња кога има потреба
  • Помогнете им да развијат навика за миење раце: Охрабрете го правилното миење на рацете за да се минимизира преносот на бактерии
  • Позитивно засилување: Пофалете го и наградете го вашето дете кога користи марамчиња наместо да го чепка носот
  • Пренасочете им го вниманието: Понудете играчки, заедно правете активности низ домот или имајте одредена играчка со која ќе можете да ги окупирате нивните раце
  • Одржувајте соодветна влажност на воздухот: Размислете да користите навлажнувач на воздухот, особено во зима
  • Побарајте стручна помош: Ако навиката продолжи, консултирајте се со педијатар или терапевт за поддршка

Запомнете, трпението и разбирањето е клучот за да му помогнете на вашето дете да се ослободи од оваа навика засекогаш.

Поддршка, знаење и безбеден простор за секој родител. Претплатете се на нашиот newsletter и имајте помош кога ви е најпотребно!

Би можело да ве интересира