КАКО ДА ИЗБЕГНЕТЕ ПРЕБИРЛИВОСТ КОН ХРАНАТА?

Од Marija Magdalena Stojcovska

Во првите две години, вашето дете ќе научи да стои, седи, оди, трча, зборува – и да јаде. Но, тоа значи повеќе од џвакање храна и држење лажица. Учењето да се јаде вклучува и развивање на чувство за нови вкусови и текстури и градење способност за уживање во храната. Истражувањата покажуваат дека искуствата кои бебињата ги имаат пред да почнат да јадат тврда храна, имаат големо влијание врз тоа која храна ќе им се допаѓа или не. Еве неколку начини како можете да пораснете дете кое ќе биде самоуверено и ќе сака да вкуси било каква храна.

Променете го начинот на размислување

Истражувањата покажуваат дека бебињата ќе прифатат одредена храна откако ја имаат пробано барем 8-9 пати. Родителите се откажуваат најчесто после 3тиот пат, доколку нивното дете не ја прифаќа храната. Исто како што децата учат да читаат, може да научат и како да јадат. Пред да кажете за детето дека е пребирливо, наместо тоа кажете си дека сеуште учи да јаде и се навикнува на новата храна.

Понудете различна храна

Понудете колку што е можно повеќе различни видови и вкусови во првите две години. Повеќе од децата почнуваат да одбиваат нова храна, па дури и храна која ја прифаќале претходно, околу 2рата година. Значи, обидете се пред овој период да ги изложите на што е можно повеќе различни вкусови.

Понудете различни текстури

Измешајте пасирана храна со добро сварени парчиња од истиот зеленчук (компир, тиквичка или пак авокадо) кои детето ќе може да ги гризне и вкуси. Според истражувањата, бебињата кои биле изложени на различни текстури со тек на време прифаќале повеќе од нив, за разлика од бебињата на кои не им била давана храна во поголеми парчиња до 9 месеци и биле помалку проблематични при хранењето во однос на вторите.

Имајте ги оброците во мирна атмосфера

Пребирливоста кај децата може да биде одговор на непријатна атмосфера за време на оброците. Анксиозноста и стресот, како и кај возрасните, може да бидат погубни за апетитот на детето. Најважно е оброците кои ги имате заедно и да бидат посветени на времето поминато заедно, разговор и поврзување со вашето дете, а не броење на залчињата кои детето ќе ги изеде. Кога ќе се фокусирате на својот оброк и уживате во него, а не на оброкот на вашето дете, моделирате здраво уживање во храната. Истовремено, создавате сигурна и среќна средина во која вашето дете може да ја истражува и гради својата врска со храната.

Дозволете им да се извалкаат (и се околу нив)

Не брзајте да го исчистите хаосот кое детето ќе го направи додека јаде. Истото може да влијае врз развивање негативна врска со храната и оброците генерално. Децата ја искусуваат храната со сите сетила. Па така, тоа што на вас ви изгледа неразумно, размачкување, фрлање или стискање на храната, всушност е запознавање со различни текстури и сензибилизација на детето со различна храна.

Понудете овошје и зеленчук како дел секој оброк

Можеби не секој пат, но што повеќе изложено е детето на одредена храна, тоа е поверојатно дека ќе ја прифати. Исто така, вашето дете ќе порасне со идејата дека овошје и зеленчук се јадат во било кој ден од денот (не само со вечера или појадок). Дури и да се сведува на неколку залаци на оброк, тоа ќе биде еднакво на неколку овошки и зеленчуци во текот на денот!

Не го ставајте десертот на пиедестал

Понудете го десертот заедно со останата храна од оброкот со што ќе го намалите неговото значење за детето. Истото ќе ја намали заинтересираноста за десертот. Дури и ако детето најпрво го изеде десертот, се додека порцијата десерт е мала, желбата ќе биде задоволена, а сепак му дадат шанса и на останатиот дел од оброкот. Важно е да ја избегнете ситуацијата каде десертот ќе го користите како награда или казна – дури и ако го изедат или не го изедат зеленчукот.

Фокус на вкусување, не на тоа дали е изедена целата порција

Колку почесто детето ја вкусува храната , толку е поголема веројатноста дека ќе ја прифати и ќе ужива во неа. Вкусување е всушност само допир со вкусните папили на јазикот – не и проголтување на самата храна. Доколку не постои притисок да се џвака и голта и му дозволите на детето понекогаш и да ја исплука храната, ќе охрабрите и пробување на различна храна.

Важно е да запомните дека што повеќе е вашето дете изложено на различна храна, вкусови и текстури, тоа е поголема веројатноста дека ќе ја прифати и ќе ужива во неа (дури и ако треба да се обидете 8-9 пати со истата храна, не се откажувајте. Исто така, имајте на ум дека атмосферата во која ќе се одвиваат оброците и вашиот личен однос кон храната се од огромно значење за тоа каква врска ќе развие детето кон храната.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со ситеновости!

Би можело да ве интересира