Бебињата не лажат. Малите деца лажат многу, и тоа е во ред. Кога детето почнува да лаже, тоа е добар знак дека поминува низ здрав когнитивен процес. Лажењето има тенденција да отстапи место на искреноста и цврстите комуникациски вештини во случаи кога родителот агресивно се обидува да го контролира однесувањето.
Процесот бара време и родителите треба да разберат и да запомнат дека искреноста не е еднаква на вистината. Ние ги учиме децата дека не треба да се целосно искрени, и не ни треба да бидат. Односно, целосната искреност не е социјално прифатлива. Да го научите вашето дете да биде искрено е долг процес кој е сложен и на моменти може да биде тежок.
Разликувањето на правилното од погрешното претходи на она што се нарекува искреност или вистина. А истото може да биде за децата концепт кој е сложен за разбирање, и почнува да се создава околу рана училишна возраст или 5-6 години. Родителите ова однесување и искреноста ги моделираат преку своите постапки.
Какво однесување моделираат родителите кои имаат искрени деца?
И САМИТЕ СЕ ИСКРЕНИ
Да, ова е неверојатно самообјасниво. Но, кога ги учите децата на основите за правилното и погрешното од рана возраст, обидете се да не лажете премногу пред нив. Важно е родителите да ја кажат вистината, дури и за малите работи. Испраќа порака и децата сигурно ќе ја забележат.
ПРИЗНАВААТ КОГА ГРЕШАТ
Ако родителите згрешат, важно е да ја кажат вистината, да признаат, да се извинат за тоа и да се поправат. Истото дава порака дека не е страшно да се згреши, се додека се извиниме и сакаме да го направиме правилното нешто.
ТИЕ СЕ АВТОРИТАТИВНИ – НЕ АВТОРИТАРНИ
Воспитувањето искрени деца бара трпение, тоа е најважното нешто кое треба да го имате на ум. Вашите деца и нивнте животи постојано ќе се менуваат а со самото тоа ќе се менуваат и ситуациите со кои ќе треба да се соочат. Децата кои имаат авторитативни родители се чувствуваат дека можат да разговараат со родителите дури и кога ќе направат грешка и знаат дека нема да бидат осудени, туку ќе добијат поддршка. Од друга страна децата на авторитарните родители се плашат да разговараат со своите родители во вакви ситуации и најчесто се обидуваат да ги сокријат.
КОРИСТАТ РАЗЛИЧНИ МЕДИУМИ ЗА МОДЕЛИРАЊЕ
Родителите кои имаат искрени деца користат моделирање додека читаат книги или гледаат филмови со своите деца и ликовите во медиумите лажат или ги доведуваат во заблуда другите. Заедно го коментираат филмот или книгата за да објаснат што се случува и зошто е погрешно.