КАКО ДА БИДЕТЕ “ДА” РОДИТЕЛ? 

Од Marija Magdalena Stojcovska

Кога поставувате граници, за децата може да биде најлесно да чујат што “може” да прават, а не што “не може” да прават. Најчесто, на сите нас ни е потешко да примиме негативни изјави, отколку позитивни.

На пример, доколку не кој ни каже: “Немој да замислиш слон. Замисли ајкула.”, нашиот мозок прво ќе замисли слон, па потоа ајкула. Всушност, автоматски ги интерпретираме “не” изјавите, како “да” изјави, па дури потоа се навраќаме и ги формулираме поинаку. Истиот принцип на размислување го применуваат и децата.

Во студија направена на Универзитетот Стенфорд, на деца од 2-4 години им биле прикажувани фотографии од две деца. Едното дете држело јаболко, а другото немало ништо во неговите раце. Истражувачите барале од децата да “го гледаат детето кое не држи јаболко”. Притоа применувале технологија која го следи погледот за да забележат каде го насочуваат својот поглед во тој момент. Студијата покажала дека децата имаат тендеција да гледаат кон објектот кој е негиран, во случајот детето со јаболко. (Нордмејер & Френк, 2013)

Ова ни вели дека доколку сакаме децата да не разберат полесно, најдобро е да им кажеме што би сакале да направат, а не што да не прават.

Подолу прочитајте неколку примери како да користите “ДА”, наместо “НЕ”:

Пример 1.

  • “Не, сега е време за капење.”

наместо тоа

  • “Може да ја читаме таа книга откако ќе се искапеш.”

Пример 2.

  • “Нема доволно место во торбата за да ги земеш сите колички.”

наместо тоа

  • “Ајде заедно да одбереме само две играчки кои ќе ги земеш денеска.” 

Пример 3.

  • “Јас и тато сега разговараме. Немој да не прекинуваш.” 

наместо тоа

  • “Ќе можам да разговарам со тебе кога ќе го завршам разговорот со тато.” 

Пример 4.

  • “Не можеш да одиш во парк во пижами.”

наместо тоа

  • “Ќе одиме во парк штом се облечеш.” 

Да се биде “ДА” родител не значи дека се му дозволувате на вашето дете. Или пак дека се може да прави. На децата им се потребни јасни граници во однос на тоа што може да се прави, а што не, со цел да имаат здрав развој. Едноставно кажано, “ДА” родителството е реформулација на негативните изјави. Односно, кажете “НЕ” кога е потребно, кажувајќи “ДА”. 

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира