Гравитацијата влијае врз сите наши зглобови, лигаменти и мускули, но правилното држење на ‘ рбетот може да помогне во намалувањет на ова влијание. Со одржувањето на правилна поставеност на ‘рбетот но и целото тело, ниеден дел од него нема да биде преоптоварен. Правилното држење на ‘рбетот исто така придонесува и за подобра рамнотежа, дали е тоа при спортски активности или пак секојдневни нормални движења, како одење или станување.
Погрешното држење на ‘рбетот и целото тело може да врши притисок врз одредени делови од телото, особено самиот ‘рбет, и истото може да предизвика болка но и целокупен замор.
Особено е важно за децата да бидат свесни за држењето на ‘рбетот, но и целото тело, бидејќи оваа “навика” е нешто што може да има долготрајно влијание врз нивната целосна добросостојба. Во текот на животот, неправилното држење може да предизвика анатомски промени и да го зголеми ризикот од хронични болки и повреди.
Кои активности и тенденции може да доведат до погрешно држење на телото и ‘рбетот?
- Подгрбавување или наведнување нанапред, особено додека седите пред компјутер
- Поминување предолго време пред телефон или таблет
- Премалку физичка активност
- Предолго седење
Кои долготрајни проблеми произлегуваат од погрешно држење на ‘рбетот?
- Болка во грбот
- Болка во рамењата
- Болка во вратот
- Целокупен замор, поради погрешна распределба на тензијата врз одредени делови од телото
- Влошена циркулација
- Главоболки
- Намален капацитет за дишење
Кои се најдобрите начини да го помогнете правилното држење на ‘рбетот и целото тело на вашето дете?
Нашите пријатели од “Корективна Гимнастика Позитива” ги имаат сите решенија и ресурси да ви помогнат со ова! Ви нудат вежби за целото тело во нивното студио, или пак онлајн. За да бидете во тек со нивните новости кликнете тука!
Комерцијален текст