ДАЛИ ЗАБЕЛЕЖУВАТЕ ЉУБОМОРА КАЈ ВАШЕТО ДЕТЕ?

Од Marija Magdalena Stojcovska

Сигурно се прашувате како треба да постапите кога вашето дете ќе покаже знаци на љубомора. Особено ако има сестра или брат, ова може да е многу честа појава.

Во оваа ситуација, најважно е да запомните дека сите чувства се нормални и природни, а нивното изразување и споделување е здраво и помага во развојот на целосната емоционална интелигенција.

Следен пат кога ќе се најдете во таква ситуација следете ги следниве чекори:

Именувајте го чувството ➜ Истражете го заедно и објаснете ➜ Понудете стратегија за справување

Именувајте го чувството

Нормализирајте го, објаснете дека не е лошо да си љубоморен. И вие сте љубоморни понекогаш, зарем не?

“Мислам дека си малку љубоморен/на. Љубомора е кога се чувствуваме лошо бидејќи некој друг има нешто што ние немаме. Како на пример: Еј, и јас го сакам тоа. Зошто јас го немам тоа? Знам, сите сме некогаш љубоморни…дури и јас.”

Истражете го чувството и објаснете

Соочувањето со тешки емоции како љубомора, разочарување, анксиозност може да направи да се чувствуваме изолирано и осамено. Објаснете го концептот и дајте им до знаење дека не се сами.

“Што мислиш, дали твоите другарчиња некогаш ти се љубоморни на тебе? Се прашувам дали кога ти им кажуваше дека си купи нешто ново…можеби и тие беа љубоморни?”

Понудете стратегија за справување

Важно е да не се обидувате да ја избришете љубомората, да ја сокриете. Валидирајте го чувството и дајте им начин да се справат со него. Давајќи им простор да зборуваат за истото и да го споделат со вас, им давате можност да го истражат и разберат. А со тек на време, да се справат и да го препознаат чувството на љубомора.

“Дали мислиш дека може да си среќен за некого и да си љубоморен во исто време? Ако не можеш да бидеш во моментов, тоа е сосема во ред. Можеби за некое време ќе се обидеш пак и тогаш ќе можеш.”

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира