СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО 2021 – ПОДОБРА ИДНИНА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

Од Marija Magdalena Stojcovska

Светскиот ден на детето е ден на акција на УНИЦЕФ за децата, од страна на децата.

Светскиот ден на детето за прв пат е воспоставен во 1954 година како Универзален ден на детето. Се одбележува на 20 ноември секоја година за да се промовира меѓународното заедништво, да се зголеми свеста кај децата ширум светот, како и да се подобри благосостојбата на децата. Ова е важен датум, бидејќи е датум кога во 1989 година Генералното собрание на ОН ја усвојува Конвенцијата за правата на детето.

COVID-19 пандемијата покажа како нееднаквоста влијае на правата на секое дете. Од климатските промени, образованието и менталното здравје, до ставање крај на расизмот и дискриминацијата, децата и младите го креваат својот глас за прашања кои се важни за нивната генерација и ги повикуваат возрасните да создадат подобра иднина.

Овој Светски ден на детето, поважно е од било кога лидерите да ги слушнат нивните идеи и барања.

Децата ресоздаваат подобар свет. Што ќе направиш ти?

Што се детски права? Погледнете видео со вашето дете и научете заедно.

*Фотографија преземена од unicef.org

Би можело да ве интересира