ПОЗИТИВНА ДИСЦИПЛИНА ИЛИ КАЗНА?

Од Marija Magdalena Stojcovska

Доколку сте родител, сигурно сте се нашле во ситуација каде се прашувате кој е правилниот начин да го воспитувате вашето дете. Воспитувањето има безброј аспекти, а еден од нив е дисциплината. Прашањето е, дали да користите казна или пак позитивна дисциплина. Повеќето експерти во сферата на детска психологија се согласуваат дека позитивната дисциплина дава подобри резултати на долгорочен план.

Што се случува кога користите казна при непосакувано однесување?

детето не развива контрола врз своето однесување

има намалена самодоверба

размислува за себе како за “лошо дете”

не учи како да го промени своето однесување

се плаши од родителот

се обидува да сокрие непосакувано однесување од родителот

Која е пораката која ја давате кога практикувате казна?

“Тоа што го правиш е погрeшно, мора да престанеш!” Непосакуваното однесување престанува во моментот, но детето не учи зошто е тоа погрешно и не создава нова патека на размислување која би можела да се примени во следната слична ситуација.

Што се случува кога користите дисциплинирање при непосакувано однесување?

има позитивна самодоверба

детето учи како да го промени однесувањето за да ги избегне последиците

развива позитивен однос со родителот

односот со родителот е базиран на доверба

Која е пораката која ја давате кога практикувате позитивна дисциплина?

Детето добива објаснување зошто однесувањето е погрешно, кои се последиците од тоа и заедно со родителот наоѓаат стратегија како следен пат да се справи со слична ситуација.

При практикувањето на позитивна дисциплина, важно е родителот да не се обесхрабрува доколку однесувањето не се подобри и смени целосно, туку цврсто и јасно да се објаснат границите колку пати и да е потребно.





Би можело да ве интересира