ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ЈА НЕГУВАТЕ ПОВРЗАНОСТА СО ВАШЕТО ДЕТЕ?

Од Marija Magdalena Stojcovska

Врската меѓу родителот и детето е онаа која го негува физичкиот, емоционалниот и социјалниот развој на детето. Оваа врска ја дава основата за развивање на личноста на детето, начинот на кој ќе носи одлуки и генералното однесување.

Придобивки од добра поврзаност меѓу детето и родителот:

  • Поголема веројатност да се развијат здрави и среќни врски со други луѓе
  • Способност за саморегулација на емоциите во стресни и тешки ситуации
  • Развој на менталните, лингвистичките и емоционални способности
  • Развој на самодоверба и оптимизам
  • Создавање на здрава основа за добри социјални и академски вештини
  • Развивање на здрава мотивација и способност за решавање на проблеми

Како да ја зајакнете вашата врска?

  • Кажувајте им дека ги сакате, многу и често!
  • Играјте си заедно
  • Бидете тука за нив
  • Изедете барем еден оброк од денот заедно
  • Слушајте и покажете емпатија
  • Доколку имате повеќе деца, гледајте да поминувате време само вие заедно

Да се биде родител е позиција со целосно работно време и со себе носи многу предизвици. Модерниот семеен живот може да биде стресен и не секогаш нештата се одвиваат лесно. Но, на крајот од денот, секој родител го сака најдоброто за своето дете, а стабилниот атачмент води до најдобар исход за било кое дете.

Би можело да ве интересира