ШТО ПРЕТСТАВУВА МОНТЕСОРИ МЕТОДОТ И КАКО ДА ГО ПРАКТИКУВАТЕ ДОМА?

Од Marija Magdalena Stojcovska

Што е Монтесори метод?

Монтесори е метод на воспитување кој се базира на само-насочена активност, практично учење и заедничка игра. Во Монтесори училниците, децата прават креативен избор во учењето, додека самата училница и високообучениот наставник нудат активности соодветни на возраста и го водат процесот. Децата работат во групи и индивидуално за да откријат и истражат знаење за светот и да го развиваат својот максимален потенцијал. Како да применувате Монтесори во вашиот дом?

Кога станува збор за применување на Монтесори принципите дома, повеќето родители се заинтригирани од идејата, но не се сигурни како да започнат. Но, се започнува со промена на начинот на размислување. Како родител, треба да започнете со разбирање дека децата – дури и најмалите – се способни за повеќе отколку што мислите. Имајќи го ова на ум, ќе можете да започнете успешно да го применувате Монтесори методот.

Организирајте ја средината

‘’Место за се и се на своето место” е еден од клучните принципи на применување на Монтесори дома. Кога ќе одредите место за секој предмет, вашето дете секогаш ќе знае каде стои се и каде треба да се врати. Ова е суштинска алатка за да ги научите децата да бидат одговорни за своите работи и да го чистат нередот кој може да го направат. Ако сакате ефикасно да ја уредите околината, најважната промена која треба да ја направите е секој предмет да му биде лесно достапен на детето.

За да го постигнете ова, ви препорачуваме:

  • Чувајте ја облеката во ниски фиоки или корпи, или пак наместете ја полицата во плакарот на ниво на очите за да вашето дете би можело да ја достигне својата облека
  • Ставете скали или пак столчиња  во кујната и во бањата за да им овозможите да ги мијат рацете а во кујната да помогнат при подготовка на оброците
  • Поставете играчки, игри и уметнички материјали на ниски полици каде што вашето дете може лесно да дојде до нив, потоа одделете ги овие играчки во разни корпи и кантички, така што предметите ќе бидат одвоени и лесно ќе ги наоѓаат без да пребаруваат низ сите други играчки
  • Чувајте ги здравите закуски на ниска полица во фрижидерот или оставата каде што вашето дете ќе може да дојде до нив
  • Чувајте ги пијалоците во мали садови на долните полици во фрижидерот, со чаши соодветни за деца во близина. Кога вашето дете е жедно, дозволете му да си стави пијалок само – само внимавајте да имате сунѓер во близина за да може да го исчисти нередот кој може да го направи.
  • Во Монтесори пристапот, исто така се охрабрува да ги ротирање на играчките и книгите на децата на неколку недели. Целта на ова е да се задржи нивната љубопитност свежа и да се спречи досадата. Ова може да изгледа поразително за некои родители, но најдобриот начин да го направите тоа е да ги менувате предметите на полиците следејќи годишните времиња и моменталните интереси на вашето дете. Дали се заинтересирани за диносауруси? Во тој случај вклучете кошница диносауруси, како и неколку книги соодветни за возраста. Без оглед на темите што ги интересираат децата, клучно е да се поттикне истражување и креативност.

Прочитајте повеќе:

МОНТЕСОРИ МЕТОД ВО РАЗЛИЧНИ РАЗВОЈНИ ПЕРИОДИ

Би можело да ве интересира