НАЈВАЖНИОТ ПЕРИОД ОД РАЗВОЈОТ НА ДЕТЕТО И КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ (1/2)

Од Marija Magdalena Stojcovska

Периодот од 0-6 години е златното доба на истражување за вашето дете. Вашата улога во оваа фаза е да бидете учесник или набљудувач, снабдувач со играчки и извор на пофалби.

Играта ја зајакнува врската ум-тело. Мозочните клетки најмногу се зголемуваат кога вашето дете трча, се искачува, допира, чувствува, манипулира, фрла и експериментира со предмети.

Играјте игри со вашето дете и иницирајте забавни активности со него. Децата помнат искуства кои имаат емоционална компонента. Вашето дете учи најдобро кога игра заедно со вас.

Научете го вашето дете да чита уште од најрана возраст – читањето има многу придобивки, една од нив е развивање љубов кон истото. Исто така, постојат студии кои укажуваат на тоа дека раната писменост влијае на интелигенцијата и академскиот успех на почетокот на животот.

Научете го вашето дете секогаш да бара предизвик – потешко искачување, одење подалеку, испробување на нова лизгалка или лулашка на игралиште. Сето тоа го зајакнува духот на вашето дете и ја зајакнува неговата самодоверба. Во иднина, тоa ќе има храброст да прочита потешка книга, да говори пред група луѓе и сл.

Вашето дете сака да го истражува светот и може изненадувачки брзо да се движи и да ви исчезне од видното поле. Особено е важно да го направите домот безбеден за детето. Вие или некој друг секогаш треба да го имате вашето дете во видик – и да ја ограничите можноста да се најде во неволја.

Би можело да ве интересира