7 СОВЕТИ ЗА ЕСЕНСКИ ФОТОГРАФИИ

Од Marija Magdalena Stojcovska

Да, можете да ги направите совршените есенски фотографии од вашето дете во паркот!

Доаѓањето на есента носи многу можности за интересни фотографии: скокање во листови, прошетки на дожд и слично. Подолу прочитајте 7 начини како да ја направите совршената есенска фотографија од вашето дете.

ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА СВЕТЛОТО

Совршеното време за есенски фотографии е отприлика еден час пред да зајде сонцето. Драматичното светло во овој период помага вистински да ја прикажете есента на слика. Истражувајте заедно надвор и раскажете ја вашата есенска приказна користејќи го златниот час.

МАКСИМИЗИРАЈТЕ ГИ ЕСЕНСКИТЕ БОИ

Зголемувањето на сатурацијата на вашата камера може да ги направи вашите есенски фотографии уште повибрантни и да ги истакне есенските бои. Исто така, добра идеја е вашето дете да носи боја контрастна на боите на есента, на пример сина.

ЛИСЈА, ЛИСЈА, ЛИСЈА

Ако по нешто е препознатлива есента, тоа се лисјата. Направете бура од листови, додека вашето дете стои со чадор под нив. Или пак, соберете големо купче од кое ќе може да фрла накај камерата додека вие сликате. Заедно пронајдете голем лист со кој вашето дете ќе може да го сокрие својот лик.

ПОГЛЕДНЕТЕ ОДОЗГОРА

Фотографија која секогаш е полн погодок! Вашето дете лежи врз паднатите лисја на земја, а вие го сликате одозгора. Текстурата на листовите се одлична позадина, а кога вашето дете гледа кон небото, ќе имате прекрасно светло дури и на малку облачен ден.

ИСКОРИСТЕТЕ ГИ РАМКИТЕ НА ПРИРОДАТА

Како што паѓаат лисјата, искористете ги природните рамки кои ги формираат гранките на дрвјата. Користејќи ја оваа перспектива, вашите фотографии ќе добијат убава длабочина.

ВНЕСЕТЕ БОЈА

Додајте светлина и боја на сивите есенски денови. Како звучи жолта кабаница?

Додека раните есенски денови се прекрасна позадина, подоцна доаѓаат сивите и темни есенски денови. Па како да го искористите овој период? Се што ви треба е една силна боја. Црвен шал, жолт балон, розов чадор…и ја имате сцената!

ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ

Направете децата да заборават на камерата и да се забавуваат. Наместо здрвено да стојат и да се смеат стегнато, фотографирајте ги додека трчаат со домашното милениче или пак си играат со братчето или сестричката. Нека собираат листови во дворот или во паркот и потоа на ваш знак нека ги расфрлаат во воздухот.

Запомнете, најважно е да се забавувате заедно со вашето дете додека креирате прекрасни сеќавања!

Доколку пак фотографија не ви оди од рака или сте љубител на професионални фотографии, нашиот фотограф е спремен во секое време да го заврши тоа за вас.

Пакет понуди за детска фотографија побарајте овде.

Би можело да ве интересира