МОЖЕ ЛИ РОДИТЕЛ ДА МУ ГО „ЗАБРАНИ“ ТЕЛЕФОНОТ НА ТИНЕЈЏЕР?

Од Marija Magdalena Stojcovska
jovana malez

🤔 Телефонот не е само уред, туку и право

Кога родителот ќе каже: „Ќе ти го земам телефонот“, а детето возврати: „Ама тоа е мое“, не зборуваме само за уред туку за судир на вредности, очекувања и… закони. Во 2025 година, користењето на мобилен телефон кај децата не е едноставна родителска одлука туку баланс меѓу безбедноста, приватноста и правото на сопственост.

📜 Детето и правото на приватност

Секоја личност има право на приватност, а тоа важи и за децата. Според Конвенцијата за правата на детето на ООН, стои вака:

„Според Конвенцијата за правата на детето на ООН, секое дете има право на приватност, заштита на својот личен и семеен живот, дом и преписка. Сепак, ова право не е апсолутно туку мора да се балансира со одговорноста на родителите да го заштитат и воспитуваат детето.…“

Ова значи дека детето има право на заштита на својот приватен простор, и физички и дигитален. Но, ова право не е апсолутно. Истата Конвенција, понатаму нагласува дека родителите имаат одговорност да го водат и воспитуваат детето, во согласност со неговата возраст и зрелост.

Со други зборови: детето има право на приватност, но родителот има обврска да го штити. Надзорот треба да биде разумен, објаснет и прилагоден на возраста, без понижување.

⚖️ А што со личните податоци?

Често се меша поимот „приватност“ со „заштита на лични податоци“. Но, тоа се две различни работи.

Според Законот за заштита на лични податоци на РСМ, во член 12, се вели:

„Обработката на личните податоци на дете е законска ако детето има најмалку 14 години… ако е под 14, потребна е согласност од законскиот застапник.“

Овој член се однесува само на обработка на лични податоци. На пример, кога дете креира профил на социјална мрежа. Тоа не значи дека детето нема право на приватност ако е под 14. Приватноста е пошироко право, и е регулирана преку други закони и Конвенцијата.

🧸 Може ли детето да биде сопственик на мобилен?

Да. И тоа е уредено во Конвенцијата.

„Детето има право на сопственост, на наследување и на заштита на својата имотна корист.“

Што значи ова?

  • Ако родителот му подари мобилен на детето, тој станува сопственост на детето.
  • Ако уредот е заедничка употреба или не е јасно подарен, тогаш останува во сопственост на родителот.

Но, дури и кога телефонот е сопственост на детето, родителот има право на разумен надзор, затоа што има законска и етичка обврска да се грижи за безбедноста, развојот и психосоцијалната добросостојба на детето.

💬 Како да се постави границата?

Решението не е закана. Решението е разговор и јасни правила.

razvod postapka

🔚 За уште вакви теми, практични совети и најави за вебинари, пријавете се на нашиот newsletter и бидете први што ќе дознаат што следува!

Би можело да ве интересира