Тантруми или напади на бес се непријатни однесувања и емоционални испади. Најчесто се појавуваат како одговор на неисполнети потреби и желби.
Тантруми се најчести кај помали деца (1-4 год.) бидејќи се уште немаат развиено вештина за справување со фрустрациите на кои наидуваат.
Што предизвикува тантруми?
Секој тантрум, е резултат на едно едноставно нешто, недобивање на посакуваниот објект/потреба/желба.
За децата од 1-2 година, тантрумите вообичаено потекнуваат од ситуации каде детето се обидува да комуницира некоја потреба – повеќе млеко, менување на пелена, некоја играчка која е на недостапно место, но немајќи ги јазичните способности привлекува внимание со тантрум.
Кога вие нема да одговорите на потребата или барањето, се јавува фрустрацијата.
Кај постарите деца, тантрумите претставуваат борба за моќ.
До 3-4 година, децата стануваат посамостојни и се свесни за своите потреби и желби со што и сакаат да ги наметнат. Што ако вие не се согласите со барањето? – Тогаш ве носат во светот на тантрумите.
Важно е да запомните дека тантрумите не ве прават лош родител, туку се дел од развојната фаза на секое дете и здравиот развој на нивниот мозок.
Прочитајте повеќе:
НЕКОЛКУ СТРАТЕГИИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ТАНТРУМИ