Знаете дека е важно децата да јадат овошје и зеленчук, но тоа може да биде предизвик. Еве неколку совети и трикови кои ќе ви помогнат да внесете хранливи овошја и зеленчук во исхраната на вашето дете.
Неколку брзи идеи
- Чувајте чинија со овошје на масата во кујната за брза и лесна закуска
- Секогаш имајте свежо исечени стапчиња од зеленчук во фрижидер
- Додадете суво грозје, банани и друго свежо или сушено овошје во житарки
- Додадете банани или друго овошје врз палачинки
- Наместо бонбони, секогаш имајте со вас суво овошје
- Додадете замрзнат зеленчук во чорба или супа
- Замрзнете банани или грозје и понудете ги наместо сладолед
Дозволете им тие да изберат овошје или зеленчук
Дозволете му на вашето дете да избере овошје или зеленчук што му изгледа привлечно додека пазарите заедно.
Вклучете го вашето дете во подготовката на оброците за да може да се запознае со храната.
Имајте сиров и варен зеленчук за да може вашето дете да го избере оној што најмногу му се допаѓа. Некои деца сакаат крцкав и свеж зеленчук, додека други сакаат зеленчукот да биде мек и кашест.
Не се откажувајте
Децата знаат да бидат многу пребирливи. Можеби ќе бидат потребни 10 до 15 изложувања на нова храна пред детето да биде подготвено да ја прифати.
Размислете за бојата, мирисот и текстурата кои ги преферира вашето дете. Може да ужива во свежа крцкава брокула, но не и варена брокула, или меки конзервирани праски, но не и свежи исечени праски.
Бидете позитивен модел
Јадете разновидно овошје и зеленчук и избегнувајте негативно да коментирате за храната пред вашето дете
Запомнете дека вашето дете се уште учи да јаде и открива нови текстури и вкусови. Важно е да не се откажувате и секогаш да ја нудите новата храна со друга безбедна храна која знаете дека детето ја сака. Избегнувајте да користите присилување и уцени за детето да вкуси одредена храна. Истото може да има само спротивен ефект и детето да развие долгорочна одбивност кон храната.