КАКО ВАШЕТО ДЕТЕ ДА ЈАДЕ БЕЗ ТАБЛЕТ?

Од Darko Kodar

Кога вашето дете седи пред екран и јаде, тоа претставува пасивно искуство. Ова значи дека детето што јаде со телефон/таблет не е свесно за текстурите, вкусовите и мирисите на храната. Мозокот е првенствено фокусиран на екранот, а јадењето преминува во авто-пилот.

Можеби размислувате: „Па што? Не ми е гајле, се додека јадат“.

Проблемот со овој пасивен начин на исхрана е што вашето дете не учи вистински да ги искуси вкусовите, текстурите и мирисите на храната, а тоа допринесува за неправилно регулирање на работата на стомакот. Во продолжение прочитајте неколку начини кои можете да ги користите за вашето дете да јаде без екран пред себе. Запомнете, ќе биде потребно време. Не се откажувајте после оброк или два, бидејќи за секоја создадена навика е потребно време да се промени.

Променете ја рутината

Децата најдобро функционираат кога имаат рутина, а веројатно и вие ја имате кога го храните вашето дете, дури и ако не сте имале намера. Иако читањето исто така може да го одвлекува вниманието, можете да понудите да читате приказна додека јадете како транзиција од екранот со крајна цел да не ги користите ниту книгите како дистракција. Ако обично седите на маса и го носите таблетот со вас, тогаш обидете се да се спакувате за пикник и јадете надвор. Не го спомнувајте таблетот. Каква и да е вашата рутина во моментов, размислете како да ја промените и едноставно НЕ вклучувајте екран. Ако вашето дете го побара тоа, можете да кажете: „Ох, се полни, можеби подоцна.

Јадете заедно на масата

Овој модел не само што му овозможува на детето да јаде, туку го учи дека оброците се заедничко искуство кое е повеќе од само јадење. Имањето заеднички оброци значи пауза на денот и поминување квалитетно време заедно. Фокусирајте се на вашите интеракции за овие оброци, а не на таблетот кој не е на маса или колку јаде детето.

Полека намалувајте го времето со започнување/завршување на оброците без таблет

Идејата е или да одложите да го дадете таблетот на вашето дете за да има шанса да го започне оброкот без него, или да го одземете таблетот пред да заврши оброкот. Одберете на кој начин мислите дека вашето дете подобро ќе реагира. Можете да започнете со одложување на 2-3 минути. Кога вашето дете ќе дојде на масата и ќе почне да го бара таблетот, можете да кажете: „О, секако, прво да започнеме, а потоа ќе одам да го земам“. Или, кон крајот на оброкот, може да кажете: „Изгледа дека видеото е готово, таблетот сега ќе се одмори додека ја завршиме вечерата“. Штом вашето дете ќе се навикне на скратеното време пред екранот, можете да почнете да го зголемувате времето постепено.

Суштината на овие методи е транзицијата да биде што е можно повеќе без стрес, развивајќи здрав однос кон храната и оброци чија цел е и квалитетно поминато време со вашето дете без надворешни дистракции.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира