КАКО ПРЕГРАТКИТЕ ГО ПОДОБРУВААТ ЗДРАВЈЕТО?

Од Darko Kodar

Сите знаеме дека нема ништо поубаво од прегратките со вашето дете додека ја читате омилената книга заедно. Особено на ова студено време. Но дали знаевте дека гушкањето е добро за вашето и здравјето на детето?

Гушкањето всушност помага и да развиете силна и трајна врска со вашите деца – затоа препорачуваме голема дневна доза на гушкање!

Еве како гушкањето го подобрува здравјето:

Гушкањето го зголемува нивото на хормонот за љубов

Дури и пред бебето да се роди телото на мајката го ослободува хормонот окситоцин во мозокот и во крвотокот. Окситоцинот е одговорен за олеснување на пороцесот на породување, го започнува процесот на лачење на млеко и помага при создавање на силна врска меѓу мајката и бебето. Но, оваа врска не е исклучиво наменета за мајките. Татковците/партнерите можат да имаат наплив на хормонот за љубов кога го гушкаат бебето.

Прегратките помагаат во зацврстување на врската родител – дете

Кога ги прегрнувате или држите вашите деца, мозокот лачи допамин – хормон за задоволство кој сигнализира награда. Ова гушкање на новороденчињата или децата им помага да го препознаат вашиот мирис и обратно. Ова е важно за создавање и зацврстување на вашата врска. Колку повеќе прегратки, толку повеќе допамин, што создава потреба за уште повеќе прегратки. Колку е тоа прекрасно?

Прегратките се добри за срцето

Високото ниво на окситоцин кој се лачи при гушкање се поврзува со намален пулс и крвен притисок, како и намален ризик од срцеви болести. Да, сепак љубовта е клучот за здраво срце!

Гушкањето може да помогне кога вашето малечко не се чувствува добро

Окситоцинот и допаминот може да имаат силен ефект на болката. Гушкањето на деца на кои им растат запчиња, може да ја намали нивната вознемиреност. Се смета и дека може да има улога во намалување на вопаленијата и забрзување на процесот на зараснување. Можеби нема да ја намали било која болка, но дефинитивно ќе помогне во смирувањето на вашето дете, па во секој случај е добра идеја.

Со други зборови, кога станува збор за прегратки и бакнежи, повеќе е подобро. Па, раширете ги рацете и отворете го срцето!

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира