КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО РОДИТЕЛСКАТА ВИНА?

Од Marija Magdalena Stojcovska

Емоција која родителите често ја искусуваат, а уште почесто не се ни свесни за тоа, е родителска вина. 

Од каде доаѓа тоа? 

Кога ќе станете родител, по некое време ви станува јасно колку децата се зависни од вас како некој кој се грижи за нив. Како родител, вие сте одговорни не само за нивната безбедност, туку и нивната среќа и целосна благосостојба. Вашата грижа, љубов и желба да направите тие да бидат среќни и задоволни, може да ве доведе до ситуација каде ќе се чувствувате дека не правите доволно или дека не сте доволно добар родител.

Вината е природна емоција – нормално е и да посакувате се најдобро за вашите деца. Но, не е од помош кога ве носи во состојба да се чувствувате несоодветно и да си судите најсурово што можете.

Еве неколку начини како да не дојдете до таа состојба:

  • Имајте реална перспектива 

Важно е да разберете од каде потекнува чувството и дали навистина треба да се чувствувате така. Можеби си имате поставено премногу високи и нереални цели и очекувања за себе.

  • Запомнете дека нема еден “правилен” начин

Премногу често родителите очекуваат од себе да бидат совршени. Во реалноста, никој не е совршен и нема еден вистински правилен начин на кој треба да ги воспитувате и сакате вашите деца.

  • Престанете да се споредувате со другите

Родителството станува се потешко со актуелизирањето на социјалните медиуми. Имајте на ум дека не е фер кон самите вас да се споредувате вие или она што е најдобро за вашето дете со нереална слика која е совршено креирана за социјалните мрежи.

  • Бидете љубезни кон себе

Запомнете, имате вина бидејќи се грижите, а тоа е најважно. Да се најде балансот меѓу грижата и останувањето во реалноста е вештина. Може да ви треба некое време да ја совладате, но е круцијална во справувањето со родителската вина и воедно патека кон вашата лична добросостојба.

Би можело да ве интересира