Кога сте нови во родителството и се обидувате цврсто да се држите до вашите вредности и методи, справувањето со критика може да ви направи да се чувствувате ужасно. Уште полошо е кога други родители ве критикуваат, а од нив очекувате да имаат повеќе разбирање за вас.
Па како да се справите со тоа? Како да одговорите кога добивате критики?
Потсетете се зошто го правите тоа што го правите
Понекогаш, советот кој не сте го побарале може и да ви помогне да донесете одлука во одредена ситуација. Некогаш, поинаков поглед на нештата и спротивно мислење од вашето може да донесе ново решение. Или пак, може уште повеќе да ви ги зацврсти верувањата.
Кога ќе чуете коментар кој почнува со “Зошто го правиш тоа..?” потсетете се зошто го правите тоа. Ќе ви даде сила да продолжите и да не дозволите критиката да допре до вас.
Имајте круг на позитивни луѓе
Забележете, дека не пишува “луѓе кои се согласуваат со вас.” Позитивни луѓе се оние кои ќе ве поддржат вас и вашите одлуки, без оглед на тоа колку се различни од нивните. Тие би разбрале дека тоа што го правите, за вас функционира најдобро.
Учете во движење
Родителството е процес на учење, и правилата ги создавате вие низ самиот процес. Со многу обиди и грешки одлучувајте што да направите и имајте на ум дека секое семејство е различно.
Потсетете се зошто го правите тоа и зошто тоа е најдобро за вашето дете и вашето семејство. Искористете ги коментарите кои секако ќе ги добиете во одреден момент, и извлечете ги позитивните нешта од тоа. Можеби и ќе научите нешто ново, нели?
Имајте позитивни луѓе кои ве поддржуваат дури и кога не се согласуваат со вас.
И најважно, бидете љубезни со себе кога добивате критика, запомнете дека секоја одлука која ја носите е за доброто на вашите најмили и секој ден давате се од себе.