КОЛКУ СЛОЕВИ ОБЛЕКА СЕ ДОВОЛНО?

Од Darko Kodar
ДАЛИ ВАШЕТО ДЕТЕ ДЕФИНИТИВНО ИМА ДОВОЛНО ОБЛЕКА НА СЕБЕ

Брр, ладно е надвор! Времето станува се постудено и со сигурност доаѓа зимата. А вие како родител се прашувате дали вашето дете има доволно облека на себе. Или пак можеби е премногу облечено?

Прочитајте подолу неколку совети со кои ќе го постигнете совршениот баланс!

ПЛУС ЕДЕН СЛОЈ

Едно од првите правила е секогаш да додадете плус еден слој од тоа што би носеле вие. Но зошто? Облекувањето во слоеви овозможува да бидете сигурни дека на детето ќе му биде доволно топло, но и во секој момент можете да извадите еден слој и да избегнете да биде премногу облечено.

НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ

Да да, сите ние сакаме нашите малечки да бидат згреани и згрижени. Но понекогаш, премногу може да има контра ефект. Односно, истото може да го активира механизмот за ладење на телото, а тоа е потењето. Ова значи дека нивната облека ќе стане влажна – а тоа комбинирано со студен ветер и ниска температура, може да направи да им биде поладно.

ОСНОВЕН, СРЕДЕН И НАДВОРЕШЕН СЛОЈ

Идеално, на детето му требаат 3 слоеви облека. Првиот слој е основниот, односно близу е до кожата на детето и треба да ја елиминира влагата која може да се појави. Затоа одберете материјали како синтетика или пак мерино волна. Средниот слој треба да е изолатор и да ја задржува топлината. За овој слој е најдобра волна, облека полнета со пердуви и сл. Додека пак, надворешниот слој е заштитник, кој не дозволува навлегување на ветерот, дождот и снегот. Кабаница за дожд, водоотпорна јакна, или елек се одлични опции. Треба да овозможува движење и да се вклопи над другите слоеви што ги носи детето.

ЗОШТО ДА ИЗБЕГНЕТЕ ПАМУК?

Иако е одличен избор и дише во лето, памукот не е опција погодна за слој во зима. Како материјал има карактеристика да ја апсорбира влагата, а со тоа на детето може да му стане само постудено. Наместо памук, одберете синтетички материјал или пак волна.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ

Рацете, стапалата, вратот, ушите и главата на детето се особено чувствителни на студ, па и покрај сите слоеви, не заборавајте на нивните екстремитети. Тоа значи, топли чорапи, ракавици, капа и шал се исто особено важни!

СОВЕТ: СЛУШАЈТЕ ГО ВНАТРЕШНИОТ ИНСТИНКТ НА ДЕТЕТО

Понекогаш на вас ќе ви се чини дека на вашето дете му треба уште еден и уште еден и уште еден слој… Но тие нема да се согласуваат со вас. Во овие случаи, послушајте го внатрешниот инстинкт на детето. Вие сте нивни родители, но само тие вистински знаат што му треба на нивното тело. (Но, секогаш чувајте го тој екстра слој при рака!)

СОВЕТ: НАПРАВЕТЕ КОМПРОМИС

Што кога надвор има снег, а детето инсистира да ја носи омилената летна маица и шорцеви? Можете да се обидете да објасните дека е зима и дека летната облека не се носи сега. Но доколку детето продолжи да инсистира и сте многу блиску до тантрум, едноставно дозволете им да ја облечат летната маичка врз блуза со долги ракави.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира