КАКО ОДНОСОТ ТАТКО – ЌЕРКА ИМА ПОЗИТИВНО ВЛИЈАНИЕ?

Од Darko Kodar

Односот татко – ќерка може да има клучна улога во психолошкиот развој на детето. Всушност, кога татковците се присутни во животот на нивните ќерки, девојчињата растат со здрава слика за тоа кои се. Тие се посамоуверени и посигурни во себе и имаат појасно разбирање за тоа што сакаат во животот.

Прочитајте подолу за тоа што ја прави врската татко – ќерка толку важна и како да ја негувате од моментот на раѓањето на вашето дете.

Кога ќе развиете добра поврзаност со вашата ќерка, позитивното влијание може да биде многу големо.

Истражувањата укажуваат дека ќерките кои имаат сигурен и позитивен однос со нивните татковци:

  • Се асертивни, без да бидат агресивни
  • Имаат подобра слика за себе
  • Имаат поголема самодоверба во односите со партнерот
  • Имаат подобар академски успех

Покрај овие животни придобивки, негувањето на врската со ќерката може да има и моментални придобивки. Татковците и ќерките кои поминуваат време развиваат меѓусебна доверба и поддршка. И секако, повеќе се забавуваат и создаваат спомени кои траат цел живот. 

Неколку начини како да ја негувате и развивате оваа посебна врска, прочитајте подолу:

  • Започнете рано, уште кога се бебиња 
  • Учете ги нови нешта, возење велосипед, свирење инструмент, спорт и слично 
  • Бидете оној на кој секогаш ќе му се доверуваат 
  • Поминувајте време заедно, само вие двајца 
  • Едноставно, бидете присутни! 
  • Валидирајте ги, често 
  • Бидете добар партнер на другиот родител

Развивањето и негувањето на оваа врска ќе биде од огромно значење за вашето дете, во текот на целиот живот. Поминувајќи време со нив и поддржувајќи ги нивните цели и интереси, им покажувате колку се тие важни и вредни и имаат право да добијат љубов и почит, не само од вас, туку од сите луѓе во нивниот живот! 

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира