ПРАЗНИЧНИ ФОТОГРАФИИ – ВОДИЧ

Од Darko Kodar

Како што преминуваме во декември, честопати добиваме прашања од родители, како да ги фотографираат децата со новогодишната елка. Па еве неколку совети за успешни празнични фотографии.

Изберете време од денот

Прво мора да одлучите во кое време од денот да ги фотографирате вашите деца. Ако фотографирате во текот на денот (кога светлината е добра), добивањето на одлична светлина треба да биде многу едноставно, но можеби ќе откриете дека светлата на елката не се толку видливи.

Ако сакате блескави светла од сијаличките на елката, ќе треба да фотографирате додека се стемнува надвор.

Потоа, можеби ќе сакате да додадете дополнителен извор на светлина на лицето на вашето дете за да бидете сигурни дека е добро осветлено. Ова може да се направи со мали свеќички, новогодишни сијалички или нешто слично.

Избегнувајте фотографирање со вградениот блиц на вашиот телефон бидејќи ги прави фотографиите пластични, со неприроден отсјај и освен тоа прави непријатен ефект на очите на вашите деца. Повеќе за ова прочитајте тука.

Фотографирајте ги во природни пози и емоции

Тешко е да ги натерате децата да позираат за фотографии. Тоа обично резултира со неприродни пози и изнудени насмевки.

Трикот е да не барате од вашиот субјект да позира или да се насмевнува!

Наместо тоа, обидете се да му дадете на детето насока со едноставни, охрабрувачки упатства. Направете да се чувствуваат удобно со тоа што нежно ќе разговарате со нив. Кажете им дека ќе се забавувате одлично заедно, поставувајте им прашања, охрабрете ги да си играат со вас.

Доколку пак фотографија не ви оди од рака или сте љубител на професионални фотографии, нашиот фотограф е спремен во секое време да го заврши тоа за вас.

Пекет понуди за детска фотографија побарајте овде.

Би можело да ве интересира