Појдовната точка на овој текст е “Torch”. Како најчеста грешка која сите ја прават е користење на автоматскиот блиц на мобилниот телефон. Избегнувајте фотографирање со вградениот блиц на вашиот телефон бидејќи ги прави фотографиите пластични, со неприроден отсјај и освен тоа прави непријатен ефект на очите на вашите деца.
Преферирајте да ги фотографирате кога не се свесни за истото и не очекуваат.
Старата добра формула за “Да бидете убави на фотографија” e да не сте свесни дека некој ве фотографира. Кога не сте свесни за тоа, вие сте максимално опуштени. Кога децата знаат дека некој ги фотографира се вкочануваат од срам или прават неприродни гримаси. За да ги избегнете тие моменти, секогаш бидете спремни за наредниот чекор на вашите деца и уловете ги на фотографија без тие да знаат за тоа. Така најчесто се создаваат најубавите фотографии.
Не им тропкајте со прсти и не им кажувајте каде да гледаат.
Кога некој ги фотографира вашите деца, а вие стоите од страна и им велите “Гледај овде” тие гледаат во вас, а не кон фотографот. Така вештачки се создава моментот и крајниот производ е неприродна фотографија. Кога веќе имате најмено некој да ви изработи професионални фотографии, оставете го да си ја врши својата работа сам.
Не користете филтри за лице.
Апликациите со филтри за лице на вашите паметни телефони, не се воопшто паметни. Ефектите за лице го измазнуваат лицето до степен што е многу далеку од природната состојба на ликот на вашето дете. Лицето на вашето дете на фотографијата со филтри на крајот изгледа како восочна фигура, а тој начин на фото обработка е напуштен многу одамна бидејќи ја прави фотографијата апсолутно нереална.
За да направите добра фотографија од вашите деца мора да бидете трпеливи. Моментите си доаѓаат сами од себе, ваше е секогаш да бидете спремни да го уловите вистинскиот момент. Без да им правите притисок да позираат и без блицот од вашиот паметен телефон ќе бидете на добар пат да станете кул фотограф – родител.