ЗОШТО ПРАВИЛНОТО ДРЖЕЊЕ НА ‘РБЕТОТ Е ВАЖНО ЗА ДЕЦАТА?

Од Marija Magdalena Stojcovska

Гравитацијата влијае врз сите наши зглобови, лигаменти и мускули, но правилното држење на ‘ рбетот може да помогне во намалувањет на ова влијание. Со одржувањето на правилна поставеност на ‘рбетот но и целото тело, ниеден дел од него нема да биде преоптоварен. Правилното држење на ‘рбетот исто така придонесува и за подобра рамнотежа, дали е тоа при спортски активности или пак секојдневни нормални движења, како одење или станување.   

Погрешното држење на ‘рбетот и целото тело може да врши притисок врз одредени делови од телото, особено самиот ‘рбет, и истото може да предизвика болка но и целокупен замор. 

Особено е важно за децата да бидат свесни за држењето на ‘рбетот, но и целото тело, бидејќи оваа “навика” е нешто што може да има долготрајно влијание врз нивната целосна добросостојба. Во текот на животот, неправилното држење може да предизвика анатомски промени и да го зголеми ризикот од хронични болки и повреди. 

Кои активности и тенденции може да доведат до погрешно држење на телото и ‘рбетот?  

  • Подгрбавување или наведнување нанапред, особено додека седите пред компјутер 
  • Поминување предолго време пред телефон или таблет 
  • Премалку физичка активност  
  • Предолго седење  

Кои долготрајни проблеми произлегуваат од погрешно држење на ‘рбетот?  

  • Болка во грбот 
  • Болка во рамењата 
  • Болка во вратот 
  • Целокупен замор, поради погрешна распределба на тензијата врз одредени делови од телото 
  • Влошена циркулација 
  • Главоболки 
  • Намален капацитет за дишење 

Кои се најдобрите начини да го помогнете правилното држење на ‘рбетот и целото тело на вашето дете? 

Нашите пријатели од “Корективна Гимнастика Позитива” ги имаат сите решенија и ресурси да ви помогнат со ова! Ви нудат вежби за целото тело во нивното студио, или пак онлајн. За да бидете во тек со нивните новости кликнете тука!

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Комерцијален текст

Би можело да ве интересира