ЗОШТО ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО Е ДОБАР ИЗБОР?

Од Marija Magdalena Stojcovska
ЗОШТО ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО Е ДОБАР ИЗБОР?

Во денешно време нема недостиг од препораки за стилови на родителство. Па сигурно често се прашувате кој е најдобриот избор?

Позитивно vs авторитарно родителство

За разлика од авторитарното родителство кое поставува големи очекувања од децата, или пак занемарувачкиот стил на родителство, каде што има малку или воопшто нема водство и присуство на родителот. Позитивното родителство е пристап заснован на емпатија кој вклучува техники како што се охрабрување и решавање проблеми – наместо викање, засрамување или користење на награди како поткуп.

Всушност, студиите покажуваат дека кога родителите прибегнуваат кон постојано викање или карање, тие обично на крајот се чувствуваат фрустрирани, лути, а на крај се појавува и чувството на вина. Децата, пак, може да се чувствуваат фрустрирани и лути, но да продолжат да се однесуваат лошо.

Што е позитивно родителство?

Родителите кои практикуваат позитивно родителство не користат казна за да го поправат проблематичното однесување. Наместо тоа, тие проактивно ги исполнуваат емоционалните потреби на нивните деца преку позитивни интеракции, чија цел е да спречи појава на непосакувано однесување.

Клучни карактеристики на позитивното родителство

Позитивното родителство ги охрабрува родителите да го забележуваат посакуваното однесување кај своите деца. Давајќи позитивен фидбек, наместо да се фокусираат на непосакуваното однесување.

Различни психолошки студии велат дека практикувањето позитивно родителство ја поттикнува самодовербата кај децата и им дава алатки и вештини кои би ги искористиле во иднина при решавање проблеми или пак носење одлуки.

5 начини да практикувате позитивно родителство, секој ден

Што е позитивно родителство?

1. Поминувајте време еден на еден заедно

Поминувањето редовно квалитетно време со вашите деца и моделирањето на посакувано однесување е убедливо најдоброто нешто што можете да го направите за да им помогнете да развијат самодоверба и здрави односи.

2. Поставете правило „сега-потоа“.

Поставувањето јасни очекувања е суштински аспект на позитивното родителство. Објаснете дека кога ќе заврши со појадокот, тогаш ќе следи прошетка во паркот.

3. Користете пофалба, а не награда

Позитивното родителство препорачува користење на пофалби за одредена акција, а не награди. Но, запомнете да користите пофалби кои се однесуваат на самата акција (Многу беше љубезно од тебе што го гушна другачето кое плачеше!), а не на нивните лични карактеристики (Ти си најдобриот другар!)

4. Причина – последица

Кога детето има непосакувано однесување, спроведувањето на природните последици може да ги претвори лошите избори во можности за учење.

Само уверете се дека:

  • Детето е во развојна фаза каде ова е очекувано однесување
  • Последицата е фер
  • Однапред објаснете ја последицата, за детето да има моќ само да ја донесе одлуката за своето однесување. На овој начин, последицата не е казна.

5. Фокусирајте се на она што можете да го контролирате

Не можете секогаш да го контролирате однесувањето на вашето дете, но можете да ги контролирате вашите одговори. Овој начин на размислување може да им помогне на децата да преземат одговорност за своето однесување.

Позитивното родителство се базира на негување односи со почит изградени врз јасни очекувања. Кога децата чувствуваат силна поврзаност со нивните родители, поголема е веројатноста да прикажат посакувано однесување, но и да пораснат во одговорни и самоуверени личности.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира