Истражувајќи ја музиката низ играње, децата учат за себе и за светот околу нив, создаваат поширок вокабулар, како и основа развивање на вештини за учење и математика.
Освен тоа, изложувањето на музика од рана возраст може да помогне во развој на социјалните и емоционалните вештини, но и ја зголемува можноста детето да развие љубов и интерес кон музиката и создавањето музика.
- Помага при развивање на фини и груби моторни вештини
Создавањето музика преку тропкање и движење, може да помогне во развивање на фините и груби моторни вештини. Едноставни песнички кои се комбинираат со игра можат да бидат од особена важноста за развивањето на мозокот и координацијата на телото. Овие активности градат важни врски во мозокот во ова време на развој на детето.
- Музиката може да ви помогне да развиете блискост со детето
Врските кои детето ги развива со своите родители се од особена важност за развојот, а музиката може да помогне во тоа. На пример, пеењето приспивни песнички е одличен начин да станете уште поблиски. Истражувањата покажуваат дека децата многу подолго слушаат приспивни песнички, отколку нормален говор или бебешки говор.
- Ја развива комуникацијата и имагинацијата
Гугањето и испуштањето звуци им помага на бебињата да развијат патишта во мозокот кои се потребни за зборување и слушање. Истражувањата покажуваат дека на бебињата на кои почести им се зборува, развиваат поголем вокабулар во подоцното детство. Децата лесно можат да ги имитираат звуците кои ги слушаат. И истите ги интерпретираат за полесно да го разберат светот околу нив.
- Музиката не прави среќни
Музиката прекрасно влијае на возрасните, но за помалечките е уште повозбудлива. Разни истражувања покажуваат дека музиката може да влијае и на подобрување на здравјето. Семејните собири, празници и слично дополнети со музика се одличен начин децата да доживеат пријатни моменти и позитивни емоции како радост и среќа.
Очигледно е дека музиката има огромно позитивно влијание не само на секојдневниот живот, туку на целиосниот ран развој на децата. Од пеење приспивни песнички, до пеење и создавање на “музика” и врева. Сето тоа може да помогне во развивање на врската со вашето дете, да ги развива нивните моторни вештини. Како и јазикот, музиката е екпресивен и инвентивен начин за да бидете заедно. Доколку се користи, може да биде моќна сила во животите на децата и нивните семејства.