1,5K
Врската меѓу родителот и детето е онаа која го негува физичкиот, емоционалниот и социјалниот развој на детето. Оваа врска ја дава основата за развивање на личноста на детето, начинот на кој ќе носи одлуки и генералното однесување.
Придобивки од добра поврзаност меѓу детето и родителот:
- Поголема веројатност да се развијат здрави и среќни врски со други луѓе
- Способност за саморегулација на емоциите во стресни и тешки ситуации
- Развој на менталните, лингвистичките и емоционални способности
- Развој на самодоверба и оптимизам
- Создавање на здрава основа за добри социјални и академски вештини
- Развивање на здрава мотивација и способност за решавање на проблеми
Како да ја зајакнете вашата врска?
- Кажувајте им дека ги сакате, многу и често!
- Играјте си заедно
- Бидете тука за нив
- Изедете барем еден оброк од денот заедно
- Слушајте и покажете емпатија
- Доколку имате повеќе деца, гледајте да поминувате време само вие заедно
Да се биде родител е позиција со целосно работно време и со себе носи многу предизвици. Модерниот семеен живот може да биде стресен и не секогаш нештата се одвиваат лесно. Но, на крајот од денот, секој родител го сака најдоброто за своето дете, а стабилниот атачмент води до најдобар исход за било кое дете.