Играта е нешто што е најлесно да го поврзете со деца, но на децата многу често не им се дава доволно време за самостојна игра. Ова е време кое децата треба да ја користат својата имагинација или едноставно да уживаат во физичка активност, наместо да бидат дел од група или тим каде некој ќе им кажува што да прават. Ова исто така го исклучува и користењето на дигитални уреди.
Примери за самостојна игра
Вистински самостојна игра вклучува било каква неструктурирана активност која ги охрабрува децата да ја користат својата имагинација, на пример игра со коцки, кукли или колички. Но, не вклучува користење на дигитални играчки.
Деца кои играат со топка сами, наместо со тренер е исто така добар пример за самостојна игра. Ова исто би било добар начин децата да ги исполнат своите потреби за физичка активност.
Повеќе примери за самостојна игра:
- Цртање, боење, сечкање, играње со хартија и лепак
- Играње улоги и маскирање
- Трчање, качување, лулање
- Разгледување сликовници или книги кои им се допаѓаат
Кои се последиците од недоволно самостојна игра?
На децата играта им доаѓа природно, кога и да можат тие си играат сами. Но, во последните 50 години, се забележува дека децата имаат се помалку време за самостојна игра. И истото има многу негативни последици.
Премалку време за самостојна игра може да доведе до зголемена анксиозност, депресија, проблеми во емоционалниот развој, како и проблеми со внимание и самоконтрола.
Придобивки од самостојна игра:
- ги охрабрува децата да ја користат и развиваат нивната креативност
- им помага да се прилагодат на училиштето, да бидат подготвени за учење и решавање проблеми
- помага при саморегулација
- помага при носење одлуки
- ги учи децата да работат во група, да споделуваат и да решаваат конфликти
Неструктурираната игра им дава можност на децата да ја истражуваат својата имагинација и креативност и својата околина. Во време кога родителите имаат пренатрупани распореди, важно е да се запомни важноста на слободното време. Исто така, времето кое децата го поминуваат со родителите е од особена важност за нивната поврзаност. Работејќи на некој цртеж или проект заедно, спортување или пак само разговарање може да бидат активности кои може да се практикуваат. Активностите не мора да бидат скапи или пак возбудливи за да бидат посебни за вас и вашето дете.