ПРОБАВ СЀ — ОСВЕН ОНА ШТО ФУНКЦИОНИРА

Од Marija Magdalena Stojcovska

Сигурно си велиш: „Сѐ имам пробано. Сите методи ги поминав.“
Но ако погледнеш подлабоко, повеќето „различни пристапи“ се само различни верзии на истата стара приказна. Контрола. Замолчување. Повторување. Казна.

📌 „Облечи се!“
📌 „Намести си ги книгите во ранец!“
📌 „Не плачи!“
📌 „Не ме срами!“
📌 „Ќе ти го земам телефонот!“

И што добиваш? Исти резултати. Детето не слуша. Ти се чувствуваш виновно. А секојдневието станува борба — не за разбирање, туку за моќ.

ПРОБЛЕМОТ НЕ Е ВО ТЕБЕ, НИТУ ВО ДЕТЕТО – ПРОБЛЕМОТ Е ВО СТАРАТА СКРИПТА

Научени сме дека родителот мора да биде „строг“, „авторитет“, оној што „секогаш знае што прави“.
Но како изгледа тој авторитет на дело? Како намуртено лице? Како казна? Како: „Затоа што така реков“?

👉 Колку од тие реченици навистина учат нешто?
👉 Колку оставаат простор за разбирање, наместо страв?
👉 Колку од тие реакции сме ги наследиле — без ниту еден миг на преиспитување дали воопшто функционираат?

КОГА ВЕЛИШ „СЀ ПРОБАВ“ — ДАЛИ Е ТОА НЕШТО РАЗЛИЧНО ОД МЕТОДОТ НА ТВОИТЕ РОДИТЕЛИ?

„Или ќе ме слушаш, или нема ништо да добиеш.“
„Ајде да се договориме кои се правилата.“

„Не ме срами!“
„Ќе зборуваме за ова кога ќе се смириме и двајцата.“

„Доста плачеш.“
„Тажен/а си? Ајде да ми кажеш што те натажи.“

Овие реченици не покажуваат слабост. Ова е храброст. Бараат свесност, искреност и отвореност за промена.

КАЗНАТА НЕ ГРАДИ КАРАКТЕР, ТУКУ КОМУНИКАЦИЈАТА

Кога ќе му го земеш телефонот — што точно подучуваш?
Кога ќе го наречеш детето „непослушно“ — што точно очекуваш да почувствува?
Кога ќе му кажеш „не ме срами“ — што му кажуваш за неговите емоции?

Во 2025та веќе знаеме: децата не учат од страв, туку од пример.
Со комуникација, не со условување.
Со грижа, не со контрола.

АКО РЕЗУЛТАТОТ Е СЕКОГАШ ИСТ — ПРОМЕНИ ГО ПРИСТАПОТ

Родителството не е тест кој мораш да го положиш со чиста петка.
Тоа е разговор, грешка, промена, адаптација.

И токму кога ќе почувствуваш дека немаш повеќе што да пробаш — таму некаде почнува вистинската промена.

📣 Детето не те „тера да викаш“.
Ти помага да се ослободиш од сѐ што никогаш не ти помогнало.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира