Како и претходните, и оваа година, со Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и девојчињата започнува 16 дена активизам и завршува на 10 декември 2021 година – на денот кога се одбележува Меѓународниот ден на човековите права.
Тема за 2021 година е: „Обој го светот во портокалово“: Стави крај на насилството врз жените, сега!
Скоро 1 од 3 жени биле злоставувани во текот на животот. Во кризни времиња како овие, бројките се зголемуваат. Новиот извештај на UN Women, базиран на податоци од 13 земји во текот на пандемијата, покажува дека 2 од 3 жени пријавиле дека тие или жена што ја познаваат доживеале некаков облик на насилство. Само 1 од 10 жени изјавиле дека истото ќе го пријават во полиција.
Иако распространето, родово заснованото насилство не е неизбежно. Може и мора да се спречи. Запирањето на ова насилство започнува со тоа што ќе им веруваме на жртвите, ќе усвоиме инклузивен пристап кој се справува со причините за насилството, ќе ги трансформираме штетните социјални норми и системски ќе ги омоќуваме жените и девојчињата за да можат да се справат со истото. Со систем кој се фокусира на жртвите со помош на здравството, правото и социјалниот сектор, можеме да помогнеме во спречувањето на родово базираното насилство.
Бојата на оваа кампања е портокалова и претставува посветла иднина без насилство врз жените и девојчињата. Бидете дел од портокаловото движење!