МОНТЕСОРИ МЕТОД ВО РАЗЛИЧНИ РАЗВОЈНИ ПЕРИОДИ

Од Marija Magdalena Stojcovska

Училниците на Монтесори се специфично уредени средини, дизајнирани да ги задоволат потребите на децата во одреден возрасен период. Д-р Марија Монтесори открила дека искуственото учење води до подлабоко разбирање на јазикот, математиката, науката, музиката, социјалните интеракции и многу повеќе.

Материјалите и содржините кои се користат во Монтесори го поддржуваат развојот на детето, создавајќи усогласување меѓу интересите и понудените активности. Децата можат да учат преку сопствено искуство притоа следејќи го своето темпо. На овој начин можат полесно да дојдат до одговор за природната љубопитност која постои кај сите луѓе и со тоа да изградат цврста основа за доживотно учење.


Монтесори методот го поддржува учењето на децата од раѓање до средно училиште
:

Кај деца од 0-3 години:

  • создава безбедна и предизвикувачка средина за детето
  • развива доверба во себе и своите способности како и неговиот свет (средина)
  • развива груби и фини моторни, како и јазични вештини
  • развива независност при секојдневните активности

Кај деца од 3-6 години:

  • поттикнува развивање функционална независност, истрајност при извршување на задачи и саморегулација
  • го развива социјалниот аспект на детето преку јасна комуникација која се базира на почит
  • Користи разновидни материјали кои ја развиваат сетилната перцепција и овозможуваат полесен развој на писменост и математички вештини
  • нуди можност за имагинативно истражување кое води до сигурно и креативно самоизразување

Кај деца од 6-12 години:

  • нуди можност за заедничко интелектуално истражување кое ги поддржува и развива интересите на детето
  • го поддржува развојот на самодоверба, имагинација интелектуална независност и самоефикасност
  • му помага на детето да ја разбере својата улога во заедницата, нивната култура и природниот свет

Пред се, Монтесори методот во било кој развоен период ја негува индивидуалната сила и интересите на секое дете. Истовремено, ги охрабрува да го истражуваат својот свет, да ги разбираат и почитуваат животните форми, системи и сили кои го сочинуваат.

Би можело да ве интересира