КОГА „НЕ!“ НЕ ФУНКЦИОНИРА – ПРОБАЈ ГО ОВА

Од Marija Magdalena Stojcovska

🧠 ЗОШТО ДЕЦАТА НЕ РАЗБИРААТ КОГА ИМ ВЕЛИМЕ „НЕ“?

Дали сте забележале дека колку повеќе му велите на детето „Не трчај!“, толку повеќе трча? Или, „Не викај!“, а следното нешто е уште поголем хаос?

Тоа не е затоа што се “непослушни деца” – туку затоа што сè уште не умеат да разберат што не треба да прават.

Малите деца, особено до 5 години, не ја процесираат негативната форма како што тоа го прават возрасните. Кога ќе им кажете „Не фрлај!“, тие слушаат само „фрлај“.

👀 ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ НАМЕСТО ДА КАЖЕШ НЕ?

Замени го „не“ со јасни насоки

Наместо: „Не трчај!“
Кажи: „Ајде да одиме полека како мачиња.“

Наместо: „Не викај!“
Кажи: „Ајде да видиме кој може подолго да шепоти.“

Наместо: „Не фрлај со играчките!“
Кажи: „Играчките ги ставаме на земја, вака.“

Со ова, не само што му помагаш на детето да те разбере, туку и го учиш како да се однесува. Наместо забрана – добива насока.

💡 ЗОШТО ОВА РАБОТИ?

🔸 Го тренираш мозокот на детето да мисли во насока на решенија, а не во насока на казни или забрани.
🔸 Ги намалуваш фрустрациите и кај тебе и кај него.
🔸 Помага во создавање доверба и поврзаност.
🔸 Го учиш детето на саморегулација.

🛠️ ПРАКТИЧЕН СОВЕТ ОД НАС:

Напиши на ливче 3 фрази што често ги користиш со „не“ или „стоп“.
Претвори ги во позитивни инструкции. Залепи ги на фрижидер. Почни со нив уште денес. Малите промени носат големи резултати.

✨ И запомни: она што денес изгледа како повторување без резултат – всушност е градење на навики и сигурност. Децата учат преку конзистентност и пример. Секоја насока која им ја даваш со трпение и љубов – е чекор кон развивање на нивната емоционална интелигенција.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира