КАКО ДА СПОДЕЛИТЕ СО ВАШЕТО ДЕТЕ ДЕКА СТЕ БРЕМЕНА

Од Marija Magdalena Stojcovska

Се прашувате како да споделите со вашето дете дека ќе стане голем брат/сестра?

Подолу прочитајте неколку интересни идеи како да го направите тоа.

1. Читајте приказна

Најдете детска книга која ја обработува оваа тема и читајте му ја на вашето дете. На овој начин, ќе можете да зборувате со него за тоа што се случува кога се раѓа ново бебе. Гледањето на среќно дете во книгата, ќе му сигнализира дека тоа се добри вести и добивањето на брат/сестра може да биде забавно.

2. Вклучете ги вашите браќа/сестри

Вашето дете можеби има омилена тетка/вујко/чичко, но не знае дека тоа е ваш/а или брат/сестра на вашиот партнер. Поканете ги кога ќе решите да ја споделите веста и тие нека ви помогнат во објаснувањето. На овој начин ќе му покажете на детето колку е вашата врска посебна и дека добивањето на брат или сестра ќе значи истото и за него.

3. Покажете им слики од нив како бебе

Заедно разгледувајте фотографии на кои тие се бебиња. Зборувајте им за моментите кога научиле да седат, да лазат или кога прооделе. Ова ќе им помогне да разберат дека нема да можат веднаш да си играат со новото бебе и дека и тоа ќе учи исто како нив. Ова ќе биде забавен начин вашето дете да ги прими вестите што полесно.

4. Гледајте едукативен филм или видео

Децата можат многу лесно да визуелизираат, па гледајќи детски филм кој ја обработува соодветната тема, може да им помогне лесно да ја процесираат информацијата. Разговарајте по гледањето на филмот и одговорете ги сите прашања кои можеби ќе ги има детето. Искористете го филмот и објаснете дека и вие наскоро ќе добиете бебе исто како ликовите од филмот.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира