КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ДЕТСКИТЕ ПРАШАЊА? 

Од Marija Magdalena Stojcovska

Сите мали деца се многу често полни со прашања. И тие најчесто започнуваат со “Зошто?”. А тоа може да биде исцрпувачки процес.

Па како најдобро да се справите со ова?

Кажувајќи, “Затоа што ..” или “Тоа е многу комплицирано..” нема да помогне туку може само да ја зголеми љубопитноста или да добиете уште еден куп нови прашања.

Не правете си притисок дека треба да имате одговор на секое прашање кое ќе го добиете. Во ред е да кажете: “Не знам, ама ајде да откриеме заедно!” или пак “Што мислиш ти?”. Давањето одговор на секое прашање може да даде порака дека да се знае одговорот е поважно отколку да се биде љубопитен. 

Прашувајќи ги што тие мислат за одговорот на некое прашање може да им помогне да го развијат важни одлики: 

  • Да сакаат да истражуваат 
  • Да научат да решаваат проблеми 
  • Да експериментираат 
  • Да се впуштат во авантура и да научат нешто ново 

Сакаме нашите деца да имаат љубов кон учењето нови нешта, не само учењето за на училиште. Туку, за да развијат вистинска искрена љубопитност која ќе ја имаат во текот на целиот живот, треба да ги охрабриме во тоа. Споделете го нивното вчудоневидување кога ќе дознаат нешто ново или пак откријте го одговорот истражувајќи заедно. 

А кога следен пат ќе добиете прашање “Зошто е морето солено?”; ”Зошто небото е сино?” или ”Дали диносаурусите имаат пердуви?” еве неколку начини на кои можете да одговорите:

  • “Колку интересно прашање!” 
  • “И јас се прашувам истото!” 
  • “Што мислиш, зошто тоа се случува?” 
  • “Што те натера да размислуваш за тоа?” 
  • “Знаеш, ни ја не го знам одговорот на тоа.” 

Важно е да запомните дека љубопитноста е нешто кое треба да се негува и култивира. Она што го сакаме е да пораснеме деца кои ќе го користат својот ум, ќе расудуваат сами и ќе истражуваат секој ден! 

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира