Сега повеќе од кога било, читањето може да биде одличен начин децата да се релаксираат и да избегаат во поинаков свет.
Еве неколку начини на кои родителите можат да помогнат да се изгради и поддржи детската љубов кон читањето.
Како да го внесете читањето во животот на вашето дете
Читањето е добро за децата. Кога книгите се дел од семејната рутина, ги развиваат јазичните вештини на децата. Книгите исто така можат да им помогнат на родителите да ги објаснат важните вредности и тешките настани во реалниот живот. Тие можат да читаат сами, или пак тоа да биде заедничка активност.
Еве неколку совети како да ја развиете љубовта кон читањето кај вашето дете.
БИДЕТЕ МОДЕЛ
Ако децата ве видат како читате, поголема е веројатноста и тие самите да го направат тоа.
ЧИТАЈТЕ ЗАЕДНО ПРЕД СПИЕЊЕ
Поминете квалитетно време заедно на крајот од денот. Читањето гласно им помага на децата да ги доживеат зборовите. Разговарајте за приказната заедно. Поставувајте прашања како: „Што мислиш дека ќе се случи следно?“ Можете да ја промените рутината и да побарате од вашето дете на училишна возраст да ви прочита книга!
БИДЕТЕ ВО ТЕК СО ОНА ШТО ГО ЧИТААТ
Следете ги нивните интереси со тоа што ќе бидете во тек со она што го читаат вашите деца. Тоа го прави позабавно и ви дава нешто пријатно за разговор.
СЕ Е СУПЕР ЗА ЧИТАЊЕ
Дозволете им на децата да знаат дека читањето е одлично без разлика за што се заинтересирани. Сè е супер: фикција, биографии, детски списанија, стрипови или дури и вашата книга со рецепти!
СOЗДАДЕТЕ ЌОШЕ ЗА ЧИТАЊЕ
Удобно ќоше во вашиот дом може да се претвори во семејна „зона за читање.“ Додајте само ќебиња, перници, и прозорец или светилка!
ЧУВАЈТЕ КНИГИ НАОКОЛУ
Ако секогаш има книги на дофат, децата сигурно барем еднаш ќе земат една и ќе читаат, па макар и на неколку минути само.
ПАТУВАЈТЕ СО МАТЕРИЈАЛ ЗА ЧИТАЊЕ
Понесете книги со себе кога патувате или пак чекате кај докторот. Книгите се одлична опција наместо таблет или паметен телефон.
Запомнете, продолжете да му читате на вашето дете и откако ќе научи како да чита. Читањето заедно создава силни, трајни врски кои се од особена важност.