4 НАЧИНИ ДА МУ ПОМОГНЕТЕ НА ДЕТЕТО ДА РАЗВИЕ ЕМПАТИЈА

Од Marija Magdalena Stojcovska

Емпатијата е важен дел од социо-емоционалниот развој на децата, и што е најважно, развивањето на способноста подобро да ги разбере чувствата на другите е нешто што вие како родител најдобро можете да го поттикнете уште во најраната возраст.

Разговарајте за вашите омилени нешта

Откривањето дека омиленото животно на Мама е различно од нивното, најпрво може да не збуни. Дали е ОК што моето омилено животно и тоа на Мама се различни? Како може Мама да не сака делфини исто толку многу како и јас? Хмм..

Кога децата учат да ги прифаќаат различностите, се на добар пат да научат да ги прифаќаат различните емоции на другите луѓе.

Практикувајте љубезност

Поставувањето на модел за емпатија е најефективниот метод преку кој децата учат.

Најважно е што прикажувате со вашето однесување, а не што кажувате.

Децата можат лесно да препознаат лицемерност кај своите родители, што значи ако им се посочува да бидат културни и љубезни а тие самите не го добиле истиот третман, нема да ја интернализираат емпатијата како вредност.

Интернализирајте емпатија

Секојдневното практикување на свесност и присутност ќе ви помогне да култивирате трпение кое ви е потребно да одговорите на многубројните потреби на вашето дете.

Важно е да си признаете дека е во ред да погрешите и да бидете свесни за истото.

Дозволувајќи им на децата да го чујат начинот на кој самите на себе се обраќате и си простувате и истиот е емпатичен, им давате начин да нормализираат несовршеност.

Имајте подготвено сценарио

Создадете сценарио кое вашето дете ќе може да го користи за самостојно да се справи со конфликтни ситуации, со цел со тек на време да може да интернализира емпатија.

Сценариото секогаш започнува со заедничко признавање: “Во ред, мислам дека имаме проблем. Ајде да најдеме начин и да го решиме мирно.” Овој начин на обраќање и разговарање им дава можност на децата да раскажат што се случило и како се почувствувале поради тоа.

За развивање емпатија, потребна е вежба. Доколку се случи да не го користат сценариото во одредена ситуација, помогнете им да ја видат грешката, без да ги засрамите бидејќи погрешиле.

Би можело да ве интересира