


„Големи и Мали е дигитална платформа наменета за родители и деца.“
Нашата идеја е да опфатиме што е можно повеќе различни теми кои се повразни со родителство, детска психологија, како и сите предизвици со кои се соочува еден родител.
Нашиот сервис “Разговарај со психолог” нуди можност да бидете дел од вебинари на различни теми, поврзани со предизвици со кои се соочуваат родителите во одредени развојни фази на своите деца. Исто така, онлајн сесии во чиј тек можете да разговарате со психологот за сите останати прашања кои нашите вебинари ги немаат опфатено.
Нашата друга креативна страна е фотографскиот сервис кој нуди услуги за вашите семејни настани, фото сесии, портрети за родители и деца, сесии за новороденчиња и сите останати настани важни за вас.
Совети
-
Кога вршите притисок детето да ја проба храната, може да има негативни последици. Односно, развивање одбивност кон самиот процес на исхрана.
-
Повторувањето им помага на малите деца да научат за нивната околина, да развијат важни вештини и да стекнат чувство на контрола и безбедност.
-
Како што децата растат и развиваат вештини, тие почнуваат да ја истражуваат својата независност и да имаат желба да ги прават нештата сами.
-
Родителите кои се критични кон сопственото тело и имаат негативен однос со храната може ненамерно да ги пренесат овие ставови на своите деца.
-
Воспитувајќи го детето да ги почитува сопствените граници и да ги слуша инстинктите, можете да му помогнете да развие чувство на автономија.
-
Пребирливоста во исхраната кај децата е чест предизвик со кој се соочуваат многу родители. Подолу прочитајте повеќе!