КОГНИТИВЕН РАЗВОЈ КАЈ ВАШЕТО ДЕТЕ

Од Marija Magdalena Stojcovska

Мозокот на вашето дете се развива со експлозивна брзина во текот на првите три години од животот. За време на овие критични периоди на раст на мозокот, долгите, тенки нервни патишта се поврзуваат во внатрешноста на мозокот. Тие се практично жици кои врзуваат и носат електрични импулси од една мозочна клетка до друга. Како резултат на мрежата која расте секојдневно во младиот мозок, се формира невролошката основа на вештините. Искуствата по раѓањето, заедно со генот на детето, ја одредуваат евентуалната финална форма на мозокот.

КАКО СЕ СЛУЧУВА КОГНИТИВНИОТ РАЗВОЈ?

Постоечките врски со нетрпение чекаат нови искуства што ќе ги обликуваат нервните мрежи за учењето на јазик, расудување, решавање проблеми и создавањето морални вредности. Новите искуства се надоврзуваат на утврдените обрасци и создаваат нови модели и мрежи за ново учење. Врските што се користат постојано ќе станат трајни, додека пак оние кои не се користат се гасат со тек на време.

КАКО ВИЕ МОЖЕТЕ ДА ПОМОГНЕТЕ?

Користејќи забавни игри и активности му помагате на вашето дете да го развива својот мозок. Сè што правите со него – играње, зборување, јадење, шетање, читање, гушкање или пак пеење му помага во развивање на најважните мозочни функции.

Децата најчесто помнат искуства кои содржат емоционална компонента. Активности исполнети со нежност, како и ситуации во кои детето ќе почувствува љубов и поддршка од вас. Во комбинација со фидбек од вас создава атмосфера во која учењето напредува. Особено е важно да се поврзете со вашето дете преку овие активности. Нештата што ги правите заедно го подобруваат неговото учење. Ова е нешто што технологијата, како таблетите, видео игрите, телевизијата и слично, не можат да ги понудат.

На линкот овде ќе разгледаме неколку различни групи на вештини кои е важно да се вежбаат и негуваат кај децата во првите три години од нивниот живот.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира