ЗОШТО СЕМЕЈНАТА ФОТОГРАФИЈА Е ВАЖНА

Од Darko Kodar
ЗОШТО СЕМЕЈНАТА ФОТОГРАФИЈА Е ВАЖНА

Ако сте љубител на фотографија, сигурно сте размислувале многупати за семејна фотографија, но секогаш имало некој изговор и тоа едноставно никогаш не се случило. Постојано слушаме, презафатени сме, треба да ја средам косата, ми се познава коренот, кога ќе ослабам уште 10 килограми тогаш може да правиме фотографии…

За да не оставиме простор изговорите да не совладаат, ќе ви посочиме неколку причини зошто е важна семејната фотографија.

Документирање на растењето на вашето дете

Премногу често забораваме на нашето минато затоа што сме презафатени со градење на нашата иднина. Кога децата се помали, правењето семеен портет секоја година е одличен начин да се документира напредокот што секој од нив го постигнува додека расте. Искористете го времето што го имате заедно, правејќи семејни фотографии што ќе ги изработите вие самите или пак ќе ангажирате професионален фотограф. Тоа е одличен начин да се потсетите на убавтеи моменти што сте ги имале заедно.

Оживување на спомени

Семејните фотографии имаат моќ да ви овозможат да се вратите во точно одреден момент од времето. Не само за да ве потсети како изгледавте, туку точно како се чувствувавте во тој момент. Фотографиите се одличен начин за потсетување. Тие се исто така дел од нашето наследство. Во годините што доаѓаат, внуците и правнуците може еден ден да побараат да видат фотографии од семејството. Зарем не би било тажно ако има малку или воопшто нема што да се сподели? Имајќи ги фотографиите, семејството повторно и повторно може да се обединува.

Доколку пак фотографија не ви оди од рака или сте љубител на професионални фотографии, нашиот фотограф е спремен во секое време да го заврши тоа за вас.

Пакет понуди за фамилијарна фотографија побарајте овде.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Би можело да ве интересира