Создавањето стратегија за тоа колку и како вашите деца ќе поминуваат пред екраните, во свет каде тие се полесно достапни од било кога е еден од најголемите предизвици на секој родител денес.
Подолу прочитајте неколку начини како да го направите тоа:
Иницирајте физичка активност
Поминувајте време надвор шетајќи, во парк, на лулашки, играјте со топка. Што и да е омилената активност на детето. Дури и кога не сте во можност да излезете од дома, интересна игра која можете да ја примените е игра на далечина. Местете сложувалка во дневната, а парчињата од неа чувајте ги во друга соба. Во секој случај, што и да одберете нека вклучува движење.
Охрабрете самостојна игра
Најчесто родителите им дозволуваат на децата да користат таблет или телефон, или пак едноставно го вклучуваат телевизорот за да можат да искористат неколку минути само за себе, во мир. Го знаете тоа чувство, нели?
На почеток може да е тешко, особено доколку вашето дете нема навика да си игра само. Започнете со кратки интервали, а потоа зголемувајте го времето кога ќе треба да си играат сами а вие сте во истата просторија.
Доколку наидете на протест, валидирајте ги чувствата на детето. Кажете: “Гледам колку сакаш да си играме заедно,, ќе завршам со читање и потоа ќе дојдам да си играм со тебе.”
Создадете рутина
Ако сакате да направите промена, но се плашите од реакцијата на вашето дете, обидете се да создадете рутина. Заедно одлучете кога ќе биде времето за таблет, омилениот цртан филм или емисија. На пример, користејќи тајмер дајте му 30 минути секој ден после појадок кои ќе може да ги потроши гледајќи одредена содржина. Цврсто држете се до зададеното правило без оглед колку негодување ќе има од другата страна.
Започнете со мали промени, и бидете упорни и истрајни додека не ја видите големата промена.